7 причини зошто да ги засакате своите мали гради

Од поголемо задоволство во сексот па сѐ до привлекување на подобар маж, научниците тврдат дека малите гради се полн погодок.

7-pricini-zosto-da-gi-zasakate-svoite-mali-gradi-01.jpg

Сигурно во текот на годините илјадници пати сте посакале поголеми гради и сте се прашувале дали ќе ви пораснат барем малку, но ситуацијата не се променила.

Без разлика на големината на градникот, добрата вест е дека немате ниту една причина за нервирање, туку 8 причини заради кои време е да ги засакате малите гради:

1. Чувствувате поголемо задоволство во текот на сексот

Ако мислевте дека мажите обожаваат големи гради и дека тоа е предност во сексот, грешите. Научниците открија дека големите гради имаат дури 24% помала чувствителност од малите, што значи дека стимулансот во текот на предиграта е поголем, а уживањето во текот на сексот многу подобар.


2. Изгледате помлади

Кога бевте тинејџерки, сигурно сакавте да изгледате посериозно и повозрасно, но денес сте горди кога некој ќе ви даде 3-4 години помалку. Малите гради имаат големо влијание врз таквиот впечаток.


3. Лесно се контролираат

Не е важно каква маичка или каков фустан носите, градите се секога таму каде што треба да бидат и никогаш нема да ве посрамотат.


4. Не сте предмет на сексисти

Мажите кои единствено преферираат големи гради, не се само површни, туку и сексистички настроени. Неодамна една студија од факултетот во Вестминстер, покажала дека мажите кои ги забележуваат исклучиво само девојките со големи гради и ги гледаат како атрактивни, тие ги гледаат жените како послабо битие. Но, не во добра смисла.


5. Деновите без градник се вистинска слобода

Жените со големи гради не можат да го замислат ова чувство. Тие едвај чекаат да го симнат од себе градникот, а вие можете и воопшто да не го облечете.


6. Чувари на здравјето

Малите гради имаат помали шанси да заболат од рак на дојка. Доколку тоа сепак се случи, многу е полесно за вас да ја идентификувате болеста, односно да се прегледате сами дома.


7. Поштедени сте од болки во грбот

Една од најголемите предности на малите гради е дека заради нив никогаш нема да ве заболи грбот. Големите гради на многу жени умеат да им предизвикаат неподносливи болки. Верувајте дека многу жени би посакале да имаат мали гради, токму заради таа причина. 

Би можело да ве интересира:

„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Трендови за маникир кои веќе се застарени + 6 нови што ќе ги гледаме насекаде Додека светкавиот маникир делува нападно и застарено, суптилните дезени со светк...
6 бои за маникир кои се тренд за лето 2026 – сите ќе гледаат во вашите нокти Флертувачка розова фушија, нежна и елегантна небесна сина, како и вечната класик...
Пет застарени трендови за маникир кои изгледаат кич Многу кристали и светки и неонски бои – трендови за маникир кои некогаш беа хит,...

Најчитани неделава