Несовршена убавина: Тие се горди на своите маани

5. Диандра Форест, албино манекенка

Иако е Афроамериканка, таа има бела боја на кожата, зелени очи и природно руса коса. Како и сите други кои имаат нестандарден изглед во нивната околина и Диандра често имала непријатности додека растела. Неколку години подоцна, таа станала првиот албино модел кој потпишал договор со голема модна агенција. Сега работи со MAC, Жан Пол Готјер, Вивиен Вествуд и се бори против дискриминацијата на албино моделите.

nesovrsena-ubavina-tie-se-gordi-na-svoite-maani-5.jpg


6. Шантел Браун Јанг, шарената манекенка

Витилигото како појава на кожата со која некои делови го губат пигментот ѝ е дијагностициран на 4 години. Долго време имала проблем со тоа што луѓето ја гледале почудно или како мала децата ја нарекувале со разни имиња, но успеала да се избори со тоа. Денес е среќна и полна со самодоверба за тоа што е поразлична од другите.

nesovrsena-ubavina-tie-se-gordi-na-svoite-maani-6.jpg


7. Жилиен Меркадо, манекенката во инвалидска количка

Таа не е типична манекенка која ќе прошета по пистата, но тоа не ја попречува да ја покаже самодовербата и храброста кои ги има. Страда од мускулна дистрофија, поради што принудена е да користи инвалидска количка за движење. Сепак, успеала да заврши на престижен моден институт за модна технологија во Њујорк, да работи за модни магазини и компании како Allure и Diesel, а станала и главен уредник на WeTheUrban.

nesovrsena-ubavina-tie-se-gordi-na-svoite-maani-7.jpg


8.
Андреја Пејиќ, трансроден модел

Андреја е родена како Андреј. На почетокот бил машки модел, до операцијата на половиот орган во 2014 година, кога и официјално преминал во трансродни женски модели. Оттогаш се бори против предрасудите и обвинувањата, а собира средства и за снимање документарец за нејзиниот живот.

nesovrsena-ubavina-tie-se-gordi-na-svoite-maani-8.jpg


9. Викториа Модеста, еднонога манекенка

Пејачка, текстописец и модел од Латвија, која поради една незгода при раѓањето имала проблем со едната нога, по што на 19 години морала да ѝ биде ампутирана. Сепак, таа не дозволила тоа да влијае на нејзиниот успех во кариерата и покажува дека може да бидете најдобри, дури и со една нога.

nesovrsena-ubavina-tie-se-gordi-na-svoite-maani-9.jpg



Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...

Најчитани неделава