Рецепт стар 2000 години: Направете домашна крема против брчки

Направете си сами ефикасна крема од природни состојки, по грчки рецепт стар 2000 години.

recept-star-2000-godini-napravete-si-domasna-maska-protiv-brcki-1

Не морате да трошите огромна сума на пари и да купувате разни препрати за нега на кожа. Оваа домашна крема од природни состојки ќе го подмлади вашето лице.

Потребни состојки:

  • 1 кафена лажичка органски мед
  • 8 кафени лажички рендан пчелен восок
  • 200ml бадемово масло
  • ½ чаша ружина вода

Постапка:

На тивок оган стопете го медот, восокот и бадемовото масло. Откако добро ќе се стопи, тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се излади, но не целосно. Додајте ја ружината вода на топлиот восок и тоа капка по капка и мешајте.

Откако лосионот ќе биде добро промешан, сипете го во стаклени тегли, кои ќе ги затворите откако препаратот целосно ќе се олади. Овој препарат можете да го користите за отстранување на шминка или како крема против брчки. 

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава