6 начини на кои циметот може да ве разубави

Можеби не сте знаеле, но циметот може да ве разубави доколку го применувате во секојдневието на неколку начини.

6-nacini-na-koi-cimetot-moze-da-ve-razubavi-1

Наместо да го користите само како зачин, уште денес употребете го како шминка, долготрајна боја за коса...

Ова се тие 6 начини на кои циметот може да ве разубави уште денес!

1. Замена за руменило

Измешајте цимет, морско оревче, пченкарен скроб, какао во прав и ќе добиете природно руменило. Aко сакате посветла нијанса додајте повеќе пченкарен скроб, а во спротивно додајте повеќе цимет.


2. Долготрајна боја за коса

Доколку редовно ја бојадисувате косата со црвена боја, циметот ќе ви помогне бојата да трае подолго и да има поинтензивна црвена нијанса.

Доволно е после бојадисувањето да ставите лажичка цимет во регенераторот и да ја измиете со него, претходно оставајќи ја да отстои 8 часа. Разликата после плакнењето ќе биде неверојатна.


3. Лабело за усни од цимет

Измешајте лажичка цимет со жешко кокосово масло и смесата оставете да се замрзне. Ќе добиете лабело за усни од цимет кое ќе ја штити устата од напукување.


4. Маска за лице против митесери од цимет

Измешајте 3 лажички мед со една лажичка цимет и нанесете ја маската на лицето, а потоа исплакнете. После десет минути, митесерите и црвенилото значително ќе се смират.


5. Замена за мастика

Имате лош здив? Наместо мастика започнете да јадете половина лажичка цимет која ќе го освежи вашиот здив веднаш.


6. Пилинг за кожа од цимет

Измешајте морска сол, бадемово масло, маслиново масло, мед и цимет, ќе добиете пилинг за кожа кој ќе ги отстрани мртвите клетки од нејзината површина.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава