10 трикови за убавина кои мажите можат да ги украдат од жените

Па што ако сте припадници на посилниот пол? Тоа не значи дека не треба да се грижите за својот физички изглед помалку од жените, напротив може да украдете неколку трикови за убавина од нив кои ќе ви користат.

10-trikovi-za-ubavina-koi-mazite-mozat-da-gi-ukradat-od-zenite-1

Започнете со овие:                    

1. Користете коректор

Кога имате подочници, црвенило или митесер кој сакате да го покриете, купете коректор во нијанса на кожата и користете го секогаш при вакви проблеми.


2. Ставајте крема на лицето и рацете

Секој ден, наутро и навечер ставајте крема на лицето и рацете по можност со заштитен фактор.


3. Мијте ја косата со регенератор

Не само што ќе ви биде помека на допир, побрзо ќе расте и ќе делува погуста, а на жените тоа им се допаѓа.


4. Негувајте ги стапалата

Барем еднаш неделно ставајте крема за пети бидејќи не само жените треба да имаат негувани стапала.


5. Користете пилинг за тело и лице

Бидејќи секоја кожа заслужува да се исчисти од мртвите клетки на површина кои ја прават груба на допир и не дозволуваат правилно да функционира.


6. Секогаш имајте средени нокти

Не е важно што сте машко, убаво обликуваните и средени нокти никогаш не се на одмет.


7. Обликувајте ги веѓите

Не слушајте ги гласините дека само хомосексуалците ги средуваат веѓите, во денешно време секој маж делува поубаво доколку има средени и обликувани веѓи.


8. Користете парфем во секоја прилика

Исто како што секоја жена без парфем е жена без иднина, така и секој маж без парфем е маж без иднина. Користете парфем во секоја прилика макар и да се работи за одење до продавница.


9. Нанесувајте балсам за усни секој ден

Заштитувајте ги усните од испукување со помош на балсам кој ќе ви биде на дофат постојано, во џебот од палтото или панталоните.


10. Изгледајте секогаш совршено!

Секогаш водете грижа за телото, лицето, фризурата и стајлингот, изгледајте совршено секогаш, секаде и во секоја прилика, иако сте маж!

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава