2 правила за убава кожа кои Ким Кардашијан ги прекршува

Велат потребно е да ги знаете правилата за да можете да ги прекршите и кога станува збор за убавината, никој не го знае тоа подобро од Ким Кардашијан.

2-pravila-na-ubavata-koza-koi-kim-kardashijan-gi-krshi-01.jpg

На еден од часовите за шминкање на познатиот стилист Марио Дедивановиќ таа открива дека редовно прекршува две од најважните правила за грижа на кожата: секогаш треба да ја бришете шминката пред да легнете навечер и треба да избегнувате солариум како да е чума.

На почетокот од 4 часовниот час, Ким открива дека наскоро доаѓа роденденот на нејзината баба и дека таа ноќ таа планира да спие со нејзината шминка за да ја зачува за забавата.

2-pravila-na-ubavata-koza-koi-kim-kardashijan-gi-krshi-1.jpg

Подоцна продолжува да објаснува дека таа често знае да заспие со својата шминка:

„Понекогаш сум толку уморна и не го мијам моето лице“, додавајќи дека ја има научено уметноста на спиење без вртење:

„Спијам со мојата шминка кога патувам. Употребувам црни сатенски перници и кога пристигнувам директно на некој настан само додавам малку пудра, се друго е веќе готово“.

2-pravila-na-ubavata-koza-koi-kim-kardashijan-gi-krshi-2.jpg

Покрај ова откритие таа наведува уште едно правило кое го крши. На прашањето која е нејзината омилена крема за самопотемнување таа открива дека оди на солариум, објаснувајќи дека тоа е за нејзината псоријаза.

Денес кога сите се свесни кои се штетните последици на потемнувањето во солариум, таа индиректно пропагира употреба на истиот.

Би можело да ве интересира:

Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...

Најчитани неделава