Смртоносна убавина на жените од минатите векови

И денеска се прават многу луди работи во име на убавината, но жените од минатото не заостануваат во бизарниот начин на разубавување.

smrtonosna-ubavina-na-zhenite-od-minatite-vekovi-01.jpg

Олово како пудра

Во античка Грција и Рим наместо пудра дамите ставале олово. Ваквиот начин на шминкање го достигнал врвот во времето на кралицата Елизабета. Светлиот тен тогаш бил во мода, па жените го мешале оловото со оцет и белка од јајце да постигнат сјај покрај белилото.

Но, имале последици од оловото како што се: неплодност, губење на тежината, оштетување на мозокот и други органи.


Перики

Во 19 век периките биле важен дел од изгледот кој бил симбол на богатство. Колку е поголема периката – толку е поголема моќта.

Но, проблемот се јавил затоа што тие биле многу тешки за одржување, па најчесто останувале неиспрани, па затоа периките биле дом на болви и глувци. Нивното решение за да ги заштитат било да ги чуваат периките во кафези.


Арсен за поубав тен

Арсенот е познат како омиленото оружје на убијците кои преферираат труење на своите жртви. Но, на дамите од 19 ти век им служел за разубавување на тенот и за полесно дишење.

Тие го консумирале во мали количини, но оние кои со тек на време станале имуни на Арсенот го консумирале во смртни дози и биле потполно отпорни на отровот.


Беладона за широки зеници

Ренесанса, Италија – епицентарот на бизарната убавина. Жените си ставале капки од растението беладона кое имало отровно дејство за да имаат пошироки зеници.

Покрај тоа, оваа билка ја користеле како халуцинантна дрога она што било како реакција е слепило, заматен вид и силно отчукување на срцето.


Смалување на стапалата

Во Кина девојките имале поголеми шанси да се омажат ако имаат помало стапало. Па поради тоа на 6 години им ги врзувале стапалата или им ги кршеле прстите.

Ваквиот болен процес е забранет во 1911 година, но во некои рурални средини сè уште се практикува.


Корсет

Тесниот струк и денес се цени, но во 16 век бил задолжителен. Секоја жена морала да има истакнати облини и мал струк. И сè било во ред додека не се појавеле здравствените проблеми како што се оштетување на органите и вртоглавици, несвестици. 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава