Нова метода на миење на косата без употреба на шампон

Поголемиот дел од стилистите и научниците се придружуваат на анти-шампон движењето кое подразбира исфрлање или минимална употреба на шампонот како средство за миење на косата.

nova-metoda-za-mienje-na-kosata-bez-upotreba-na-shampon-01.png

Голем број на стилисти велат дека косата не треба да ја миеме со шампон од причина што големиот број на комерцијални производи користат сулфати кои ги отстрануваат мастите од кожата и влакното и ја прават косата покршлива и подложна на оштетување.

Миењето на косата без шампон или уште познато како „No poo method“ се повеќе зема замав, бидејќи се темели на едноставна премиса, дека шампонот без разлика на тоа кое е неговото потекло повеќе штети на косата, отколку што има корисни придобивки.

Најдобро е да се користат алтернативи како сода бикарбона, лимонов сок, оцет, па дури и само вода. Но, кои се последиците од таквиот избор и дали овие начини одговараат на секој тип на коса?

Се вели дека 20 и 30-годишните може слободно да се одлучат за природни третмани на косата, бидејќи нивната коса не бара дополнително внимание, но ова не е прифатлив избор за жените кои се во менопауза.

Менопаузата ја менува количината на хормони кои се ослободуваат во крвта и ја менува рамнотежата на организмот па потребна е дополнителна нега на косата.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава