4 домашни евтини решенија против испукани пети

Во текот на летото нозете се многу почесто боси, па затоа не смеете да си дозволите да имате груба кожа на петиците.

4-domasni-evtini-resenija-protiv-ispukani-peti-01.jpg

Наместо секоја втора недела да давате пари за педикир, обидете се да го направите сами дома.

Овие 4 решенија ќе ви помогнат да ја отстраните тврдата кожа од стапалата:

1. Пена за бричење

Нанесете голема количина пена за бричење на стапалата. Во еден голем леген помешајте еднаква количина вода и вода за плакнење на устата и натопете една крпа. Додека стапалата ви се уште со пена, замотајте ги во пешкирот и отстојте половина час. Со истата крпа потоа тријте ги стапалата додека не ја отстраните пената. Заедно со неа ќе го отстраните и мртвиот слој на кожа.


2. Билно или маслиново масло

Одберете било какво хранливо масло и направете темелна масажа на стапалата. Облечете памучни чорапи и преспијте со нив. Правете го овој третман повеќе пати во неделата.


3. Вазелин

Уште едно одлично средство кое ќе ја омекне сувата кожа. Постапката е иста како и со маслото.


4. Солена купка

Топлата солена купка е наједноставниот рецепт за лечење испукани пети. Во топла вода додајте дланка морска сол, почекајте да се растопи и ставете ги нозете во неа половина час. Потоа направете третман со масло или вазелин.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...

Најчитани неделава