2 домашни серуми за убави и густи трепки

Посакувате поголеми трепки кои ќе го истакнуваат вашиот таинствен поглед? Не ви се потребни скапи козметички препарати, туку можете сами да направите домашен серум од само неколку состојки.

2-serumi-za-ubavi-i-gusti-trepki-01.jpg

Еве 2 предлози за брзо растење на трепките:


1. Серум од кокосово масло

Потребни состојки:

  • 10ml Кокосово масло
  • 2 Капки природно етерично масло од лимон

Сè што е потребно да направите е да ги измешате двете состојки во мало пластично или стаклено шише и да ги нанесувате на трепките со стара чиста четка. Најдобро и наједноставно е да употребите некоја стара четка од маскара.

Двете состојки имаат смирувачко дејство и го стимулираат растот на трепките.


2. Серум од рицинусово масло

Потребни состојки:

  • 20ml Рицинусово масло
  • 2g Восок
  • 1g Витамин Е
  • 2g Глицерин

Ставете ги сите состојки заедно и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ако сакате поедноставно да ја ставите во шишенце самата смеса, доволно е само малку да ја загреете. На трепките се нанесува со чиста четка.

Како и кокосовото масло, така и рицинусовото масло стимулативно влијае на растот и густината на трепките.

Би можело да ве интересира:

Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава