Што значи да си жена која зрачи сексапил?

Џозеф Кемпбел рекол: „Не мислам дека луѓето се во потрага по значењето на животот колку што се во потрага по искусувањето на тоа што значи да се биде жив“. Овој цитат е вистинит дури и кога станува збор за сексапилот.

shto-znaci-da-si-zena-koja-zraci-seksapil-01.jpg

Постои разлика меѓу тоа да изгледате секси и навистина да бидете секси. Жените сакаат да го искусат тоа второто, но нашата култура се задоволува со изгледот, не и чувството. Ја цениме фасадата над квалитетот.

Жената која целосно го прифаќа својот сексапил е многу поразлична од онаа која ја покажува својата фасада.

Вистински сексапилната жена привлекува како магнет и блеска како силно светло сонце, без разлика на тоа што носи на себе или како е нашминкана.

Таа се чувствува удобно во сопствената кожа и од неа извира добрина, грациозност и топлина – длабоко под нејзината кожа.

Таа знае дека да се биде секси, не значи дека треба само да изгледа секси.

Таа знае дека не е се во големината на панталоните или градите. Во тоа колку и е рамен стомакот. Во тоа дали вежба секој ден. Како изгледа нејзиниот задник...

Не доволно само телото. Потребна е и душата.

Нашата култура не ги учи жените како да го покажат својот сексапил и како да го прифатат своето тело онакво какво што е. Да го сакаат своето тело и да зрачат со привлечност и моќ која доаѓа од прифаќањето на себеси.

Нашата култура ги учи жените како да ги контролираат своите тела. Како да имаат успешни кариери. Како правилно да се однесуваат. Како да изгледаат.

А, тоа не секогаш прави да се чувствувате удобно во сопствената кожа.

Кога станува збор за тоа дали некоја жена изгледа секси, не е само во тоа како изгледа.

Имав можност да запознаам една девојка која беше млада, неуредна и без шминка на лицето. Нејзината облека не беше добро комбинирана. Не се совпаѓаше. Носеше големи чизми со сите фустани.

Мене тоа ми беше ужасно за гледање, но мажите трчаа по неа. Таа постојано добиваше покани за состаноци. Го искусуваше она за кое повеќето жени сонуваат.

Таа зрачеше сексапил. Беше шармантна. Среќна. Слободна. Не се плашеше да покаже која е навистина.

Таа ги поседуваше сите карактеристики кои прават една жена да биде секси, а не само да изгледа секси.

Сè е во чувството, не фасадата.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...

Најчитани неделава