Како си ја уништувате косата: 6 грешки кои треба да престанете да ги правите

Ако си ја обожавате косата и од неа ви зависи целокупниот изглед, тогаш мора да промените неколку навики.

kako-si-ja-unistuvate-kosata-6-greski-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-01.jpg

1. Косата ја чешлате од коренот до врвовите

Со чешлањето на косата од самиот корен создавате мали јазли кои ги корнат влакната од темето. Ова е најчеста причина зошто косата ви паѓа.

Косата би требало да ја чешлате од врвовите кон темето, постепено. Плус, препорачливи се четките со влакна наместо оние со метални запци.


2. Ставате регенератор на коренот

Таму е вашата најмлада и најздрава коса, па не и треба дополнителна влага. Регенераторот и е потребен на старата коса и треба да го нанесувате со лесно масирање на врвовите или со тапкање.


3. Ја туткате косата додека ја миете со шампон

Подигнувањето и туткањето на косата со шампон е нешто најлошо што може да направите. Кога косата е мокра, тогаш е и најкршлива, па на тој начин ги ослабувате влакната.

Наместо да правите фризури од пена, ставете шампон на дланките, па нежно нанесете на темето и врвовите. Потоа со прсти поминете низ влакната и исплакнете. Нема потреба да ги миете самите врвови, затоа што тие се плакнат од пената која паѓа.


4. Нагло го повлекувате ластичето

Вадењето на ластичето од коса често пати е подеднакво прекрасно како и вадењето на градникот по долгиот ден. Но, наместо да го повлекувате брзо и со една рака, обрнете повеќе внимание. Во 9 од 10 случаи повлекувањето на ластичето завршува со корнење на влакна и нивно кршење.


5. Ги игнорирате упатствата на козметиката за коса

Повеќето производи имаат јасни и прецизни упатства како и кога да ги користите. На пример, лакот за коса треба да го нанесувате на 20 сантиметри раздалеченост од главата, а силиконските серуми се нанесуваат во количина колку лешник и тоа со врвот на прстите. Пената мора рамномерно да се нанесе на цела коса.


6. Косата ја миете пречесто

Дури и ако имате тенка коса која се масти лесно, со честото миење темето се суши, а влакното ослабува. Поточно, секојдневното миење или миењето преку еден ден може сериозно да ви го уништи квалитетот на коса.

Би можело да ве интересира:

Светските ѕвезди пред и откако ги променија веѓите (некои се непрепознатливи) Светските ѕвезди се доказ дека бојата и дебелината на веѓите навистина го менува...
Предупредувачки знаци дека сте отишле кај непрофесионален техничар за нокти Одбива да ги поправи грешките и штеди на материјали – знаци дека е најдобро да о...
5 машки парфеми од LIDL кои се копија на познатите светски мириси, а чинат помалку од 10 евра (фото)... Парфемите што се продаваат во LIDL се всушност копија на скапите парфеми на позн...
Миа Костова ги осуди девојките што прават пластични операции за да имаат ‘машка’ вилица: „Знаете дек... „Знаете дека сте многу грди вака? Кај идете со ова брадуле…“, вели македонската ...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...
10 ситници во изгледот што жените ги занемаруваат и им даваат неуреден изглед Вчерашна фризура, испукани усни и торба за пазарење наместо чанта – некои ситниц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg