Домашен рецепт - Како да ги отстраните лузните од акни?

Акните поминуваат релативно брзо, но за жал, ако ги третирате неправилно може да остават лузни за цел живот. Понекогаш, ни најсовршената шминка не може да ги покрие, па не ви останува ништо освен да ги прифатите.

domasen-recept-kako-da-gi-otstranite-luznite-od-akni-01.jpg

Сепак, благодарение на неколку природни состојки можете да направите маска која ќе ја ублажи видливоста, или ако не се толку длабоки, ќе ги отстрани целосно.

Постојат два типа на лузни од акни - едните се во вид на кафени флеки на местото каде биле акните, а другите се подлабоко оштетување на кожата и остануваат во вид на посветли точки.

И за двата типа постои соодветно решение кое вреди да го пробате:

За кафените лузни како флеки:

Потребно е да направите смеса од рендана краставица, сок од домат и свеж лук. На лузните нанесете ја маската и оставете ја да делува половина час. Потоа исплакнете.

За подлабоките лузни:

Измешајте 4 лажици сок од лимон, 3 лажици јогурт, 4 лажици мед и една белка, па мешајте додека не добиете еднолична смеса. Со помош на четка намачкајте ги лузните и оставете да делува 15тина минути. Измијте со топла вода и нанесете крема.

Пред да тргнете во потрага по скапи препарати, обидете се со овие природни начини.

Би можело да ве интересира:

6 варијанти на боб фризура кои се хит периодов (и подмладуваат) Рамен боб со патец на страна или француски боб ако сакате да експериментирате. ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...

Најчитани неделава