Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Eucerin AtopiControl - колекција за нега на сува и раздразнета кожa

Сувата  кожа е проблем што го имаат многумина. Кај дел од луѓето се појавува и атопичен дерматитис кој се манифестира како црвенило и воспаление на кожата.Се проценува дека околу 15 до 20 проценти од населението е склоно кон развивање на ваквата состојба  на кожата. Тоа е последица како на надворешни (егзогени), така и на внатрешни (ендогени) фактори. Уште полошо  е што ваквата појава делува негативно на психата,а луѓето со атопичен дерматитис се чувствуваат непривлечни и се затвораат во себе.

eucerin-atopicontrol-kolekcija-za-nega-na-suva-i-razdrazneta-koza-1.jpg

Сувата и раздразнета кожа налага специфична нега и хигиена, децидни се стручњаците. При секојдневното чистење и нега на ваквата кожа, според дерматолзоите,  од особена важност е постигнувањето на нејзина оптимална рехидратација и поттикнувањето на регенеративниот процес на нарушената липидна кожна бариера. Токму затоа, сувата и воспалена кожа треба да се измиваат само кога е потребно, а на лицата со ваква кожа им се препорачува да внимаваат при туширањето и да внимаваат во употребата на најразлични козметички производи кои уште повеќе ја влошуваат состојбата со кожата.

Eucerin AtopiControl колекцијата се состои од внимателно одбрани козметички производи кои се грижат за сувата и чувствителна кожа, како и за атопичната кожа во текот на неактивните фази, и кога се појавуваат црвенила. За секој од овие производи е клинички и дерматолошки докажано дека помага при намалување на сувоста на кожата и развојот на воспалението, истовремено ублажувајќи го чешањето.

eucerin-atopicontrol-kolekcija-za-nega-na-suva-i-razdrazneta-koza-2.jpg

Основните лосиони и креми за тело содржат комбинација од омега- 6 масни киселини и ликофалкон А, анти бактериски деканедиол и Menthoxypropanediol, кои помагаат за пополнување на кожата, ја обновуваат нејзината природна бариера, правејќи ја повеќе еластична. Истовремено Eucerin AtopiControl интензивно ја хидрира кожата, помага да се намали грубоста, оптегнатоста на кожата и чешањето, симптоми поврзани со атопичната кожа.

Производите за активна нега ја вклучуваат и Eucerin AtopiControl кремата за Акутна нега. Нејзините сосотојки значително помагаат да се подобри  изгледот на кожата за време на фазите на воспаленија и да се намали времетраењето на терапијата со хидрокортизонот за време на воспаленија. Eucerin AtopiControl кремот за акутна нега не е фармацевтски производ и не е замислен да да замени некој друг производ. Oвие производи се компатибилни со атопичната кожа.

Производите Eucerin AtopiControl не содржат бои и парфеми, кои дополнително ја дразнат кожата.

eucerin-atopicontrol-kolekcija-za-nega-na-suva-i-razdrazneta-koza-3.jpg

Би можело да ве интересира:

„Сладолед“ маникир – летен тренд за девојки кои сакаат да експериментираат Ако не се плашите да експериментирате и сакате впечатлив маникир, веруваме дека ...
Совети со кои седата коса ќе ви биде мека и сјајна Ако имате седа коса или почнувате да ги гледате првите побелени влакна, важно е ...
8 идеи за маникир, идеален за повозрасни дами Пастелни нијанси ако сакате едноставност, или ефект на мермер ако сакате нешто п...
8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...
Зошто се јавуваат бели точки на лицето и како да ги отстраните? Правете пилинг за да ги отстраните мртвите кожни клетки кои обично ги предизвику...
Дали оваа бринета е една од најубавите Албанки? Со полни усни, зелени очи и извајано тело, оваа 25-годишна девојка, родена во Ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg