5 причини зошто косата ви расте бавно и како да го промените тоа

Постојано нанесувате маски, ја шишате косата за да ја одржите здрава, но сепак не сте задоволни со резултатите? Познато ни е.

5-pricini-zosto-kosata-vi-raste-bavno-i-kako-da-go-promenite-toa-01.jpg

Понекогаш сакајќи да направите нешто добро и корисно, може да го направите токму спротивното.

Затоа време е да ги откриете 5-те грешки кои ве спречуваат да имате долга и здрава коса:

1. Недостаток на железо

Внимавајте на железото и почесто консумирајте пилешко, говедско месо, јаткасти плодови, семки, спирулина и зелен лиснат зеленчук.


2. Недостаток на сон

Колку и да ви звучи неповрзано, недостатокот на сон може да ви го искомплицира здравјето, а лошата коса и кожа се пропратен дел. Имате право на своите 8 часа сон, затоа искористете го.


3. Премногу шишање

Сигурно сте се изнаслушале дека еднаш во 3 или 6 месеци мора да ја скратите косата ако сакате да остане здрава. Но, не секоја коса е иста. Важно е да ги потшишувате врвовите, но не претерувајте. Следете колку ви расте косата во рок од 6 месеци, па така најлесно ќе откриете колку реално треба да ја ишишате за да ја одржите должината.


4. Стрес

Ако сте постојано под високо ниво на стрес, анксиозност или притисок - тоа исто така влијае на косата. Не само што така се намалува растот, туку доведува и до нејзино опаѓање. Смирете си ги умот и нервите пред да го започнете денот.


5. Користите погрешни и евтини препарати

Негата на косата е далеку поважна од редовното шишање. Во својата неделна рутина мора да вметнете една маска за регенерирате и задолжително заменете ги металните чешли со четки од природни материјали. Исто така, не штедете на квалитетен шампон и регенератор.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...

Најчитани неделава