Негативните страни на убавината

Убавиот изглед може да ви помогне во животот, но психолозите велат дека убавината има и негативни страни. Убавината може да биде благослов и клетва во исто време. 

Negativnite-strani-na-ubavinata

Социјалните психолози Лиса Вокер и Тоња Фреверт според своите истражувања дошле до следниот заклучок: За повеќето луѓе надворешната убавина создава некој вид на ореол, кој предизвикува да чувствуваме дека убавите луѓе се добри личности со добри особини, односно, ова го претпоставува нашата потсвест.

„Ова е една од многуте карактеристики со кои можеме да се идентификуваме многу рано во нашите интеракции“ - вели Вокер. Психолозите ова го нарекуваат хеуристика, односно „она што е убаво е добро“.

Ова е особено присутно во образованието. Тука истражувањата покажуваат дека убав изглед на студентите може да предизвика осудување од страна на наставниците, бидејќи доколку личат на покомпетентни и поинтелигентни личности, тоа може да се одрази на нивните оценки.

На работното место убавината може да биде бенефиција, според истражувањата е утврдено дека попривлечните луѓе често заработуваат повеќе пари и се искачуваат повисоко на корпоративните скалила. Дури и во судовите, атрактивните обвинети веројатно ќе добијат поблага казна или ќе ја избегаат пресудата во целост.

Сепак, додека атрактивните мажи се сметаат за подобри лидери, за убавите жени постојат сексистички предрасуди.

Убавината може да ви наштети и медицински, бидејќи доброто здравје најчесто се поврзува со добриот изглед, што значи дека болестите често се земаат помалку сериозно.

Значи, како што може да претпоставиме, убавината не е патот кон среќата и покрај тоа што помага. Фреверт и Вокер нагласуваат дека нашите концепти за самата убавина се површни и во никој случај не се длабоко вкоренети во нашата биологија.

„Имаме цела низа на културни идеали за убавина и за тоа што е привлечно“ - вели Вокер. Во извесна смисла, убавината е само когнитивна кратенка за брзо оценување. „И како и многу од кратенките кои ги користиме, не е многу сигурна“ - вели Фреверт.

Фреверт укажува дека доколку се фокусираме премногу на нашиот изглед тоа може да создаде непотребен стрес и анксиозност - дури и за убавите луѓе.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Елена Николовска, фризерка, за CRNOBELO: „Дали косата треба да е мрсна или чиста пред фарбање?“ Дали треба да се фарбате на чиста коса? Или е подобро ако косата ви е мрсна? Ово...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...

Најчитани неделава