Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојката која не користи шампон и регенератор 1 година, вели дека косата никогаш не ѝ била поздрава

Кајли Конвеј е 28-годишна девојка која сакала на природен начин да ја одржува својата коса и да ги исфрли хемикалиите од секојдневието, па првиот чекор било откажувањето од шампонот и регенератор.

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-001.jpg

Ваквата козметика ја заменила со природни алтернативи, како сода бикарбона, маска од јајца, глина и измивање со оцет, после кои како што тврди, косата и изгледа поздрава и поубава од било кога.

Покрај добрите резултати, Кајли вели дека заштедила многу пари.

„Косата ми изгледа поздраво од било кога. Свети, побрзо расте и има поголем волумен. Сега е лесно, само станувам, ја чешлам косата и излегувам.“

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-01.jpg

Пред да го започне овој експеримент, со косата на Кајли се било во ред. Освен тоа што ја исправувала со пегла и имала суви врвови, немала никаков друг проблем.

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-05.jpg

Проблемите дошле штом го започнала експериментот, но била доволно упорна за да ги издржи.

„Нема да ве лажам, на почетокот беше грозно. Мојата коса се чистеше од хемикалиите насобрани од шампоните и регенераторите, па беше толку мрсна што дури ни собирањето во опавче не ми помогна.“

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-02.jpg

Сега Кајли ја мие косата на 4 дена, влагата ја впива со пешкир и не користи фен за сушење. Понекогаш знае да ги испегла врвовите за некој свечен настан, но вели дека не и посветува повеќе од 5 минути.

„Ја обожавам оваа рутина. Сега чувствувам дека косата ми е цврста, сјајна и без слоеви силикон од козметичките препарати.“

devojkata-koja-ne-koristi-sampon-i-regenerator-1-godina-veli-deka-kosata-nikogas-ne-i-bila-pozdrava-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брчки, седи влакна - Како изгледаат одблизу лицата на светските ѕвезди? На фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи, светските ѕвезди изгледа...
Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро) Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете р...
16 ѕвезди кои се сосема различни личности со и без шминка (фото) Селфи фотките на славните дами се доказ дека во реалноста, голем дел од нив и не...
Новогодишна фризура во последен момент – елегантна пунџа што се прави за 5 минути (видео) Ако немате идеја за фризура за новогодишната ноќ, или немате време ни да ја изми...
7 грешки со кои си ги уништувате стапалата (и сакате да ги скриете во лето) Носите многу ниски, рамни чевли кои не ви ја даваат потребната поддршка и сами п...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg