6 чекори со кои секогаш ќе имате идеален тен

Чистата и негувана кожа е тајниот рецепт за инстантно разубавување. Дури и најскапите пудри и коректори не можат да ви помогнат, ако ја запоставувате негата.

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-001.fw.jpg

Ако сакате да постигнете ефект на совршена кожа, потребни ви се само 6 чекори:

1. Чистете ја кожата и хранете се здраво

Прво, па клише. Но, тоа е вистината. Внесувајте многу витамини и бирајте козметика соодветна на типот на кожа. Козметичарите препорачуваат редовни пилинзи и маски за навлажнување на кожата. Исто така, секојдневното чистење на лицето со тоник и лосион гарантира добри резултати.

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-1.jpg

2. Покријте соодветни коректори за да ги сокриете недостатоците

Зелениот коректор го намалува црвенилото и најдобро е да го нанесувате со прст или сунѓерче. Ако сакате да ги покриете жолтите или кафеави пеги и флеки, изберете виолетов или син коректор.

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-2.jpg

3. Правилно покријте ги подочниците

Грешка која сигурно ја правите секојдневно - нанесувате полукруг со коректорот под очите. А, треба да нанесете триаголник.

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-3.jpg

4. Како да ја погодите правилната боја на пудра

Ова е можеби најтешката работа во животот на една жена. За да не ја направите погрешно, нанесете 3-4 тонови кои ви делуваат слични на вратот. Не на раката, на јаболкниците, на челото, исклучиво на вратот.

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-4.jpg

5. Контурирајте

Контурирањето од тренд прерасна во секојдневна рутина за разубавување. Така најлесно се постигнува природен изглед и се истакнуваат вашите најдобри црти.

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-5.jpg

Главното правило гласи - осветлете ги површините кои сакате да ги истакнете, а затемнете ги деловите од лицето кои сакате да ги сокриете.

Овално лице

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-6.jpg


Округло лице

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-7.jpg


Триаголнесто лице

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-8.jpg


Правоаголно лице

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-9.jpg

6. Руменилото е задолжително

Руменилото на образите додава природна свежина на лицето. Важно е да запаметите дека ако имате светла кожа добро ви прилегаат розови тонови, додека бронзените и коралните се за девојките со средна до темна кожа.

Кога ставате руменило - насмевнете се. Користете соодветна, голема четка и нанесувајте со кружни движења.

6-cekori-so-koi-sekogas-ke-imate-idealen-ten-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...
Идеи за празничен маникир ако сакате да ја избегнете црвената боја Исто како црвената, и зелената боја потсетува на Нова година, сепак, тоа е бојат...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...

Најчитани неделава