RED Cat врвна професионална козметика за коса!

Промената и одржувањето на косата е мошне важен процес кај секоја жена која се труди да го задржи својот атрактивен изглед.

red-cat-vrvna-profesionalna-kozmetika-za-kosa-1.jpg

За да ја одржите сјајна и здрава вашата коса користете козметички препарати кои не само што ќе ја обојат косата во блескава нијанса, туку ќе го зацврстат коренот и влакното.

Од неодамна во голем дел од фризерските салони низ Македонија достапна е врвна и професионална козметика RED CAT која ги исполнува очекувањата на секоја дама. Станува збор за производи за нега на коса, фарби, шампони и  балсами, кои се создадени од професионални технолози и искусни фризери, врз основа на нивните искуства со клиентите. Производите можат да се најдат само во фризерските салони. Производите на RED CAT се со посебна формула заснована на протеин добиен од природни состојки кои делуваат против мастење и опаѓање на косата, ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното, а се идеални за сите фризерски техники како фарбање, трајно виткање, бланширање и полна рестравација на косата.

red-cat-vrvna-profesionalna-kozmetika-za-kosa-2.jpg

Од палетата на производи, посебно се истакнуваат фарбите, кои не го оштетуваат влакното на косата, се со “полна боја” и даваат убав и посакуван сјај на косата. производите се дерматолошки тестирани и не содржат сулфати, формалдехиди и парабени.  Фризерите препорачуваат да ја освежите вашата фризура со неодолива нијанса за прилагодена цена и квалитет чиј резултат е забележлив по првото користење.

red-cat-vrvna-profesionalna-kozmetika-za-kosa-9.jpg

RED CAT e словенечки бренд, кој веќе е присутен на десетина пазари во Eвропа, на чија адреса постојано пристигнуваат пофалби и позитивни коментари од професионалци.

Фризерите препорачуваат да ја освежите вашата фризура со неодолив волумен и сјај за прилагодена цена и квалитет чиј резултат е забележлив по првото користење.

red-cat-vrvna-profesionalna-kozmetika-za-kosa-8.jpg

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Како да го забрзате растот на косата? Рецепти од природни состојки кои може да ги направите сами дом... Дали сте од оние луѓе кои пробале многу производи за брзо растење на косата, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg