7 тајни од Индијките за брз раст на косата

Запознајте ја Сушмита - Индијката која е гуру за нега на косата на YouTube.

7-tajni-od-indijkite-za-brz-rast-na-kosata-1.jpg

Сите ја обожаваат нејзината долга и беспрекорна коса, па ако сакате да и украдете неколку трикови и совети, ова се нејзините 7 тајни:

1. Гел од алое

Со сок, односно гел од алое масирајте ги корените на влакната. Масажата ја подобрува циркулацијата на крвта, па џусот е подобро апсорбиран. Оставете ја маската 2-3 часа да се исуши или преспијте со неа, ако наутро имате време за миење на косата.

7-tajni-od-indijkite-za-brz-rast-na-kosata-3.jpg

2. Маска со пантенол

Ова е посебно корисен третман ако косата ви паѓа и сакате да ги обновите фоликулите на влакното. Измијте ја косата како и вообичаено, нанесете пантенол во било каков облик за да ја исчистите косата, фокусирајќи се на коренот. Со нанесување на пантенол на цела коса го намалувате и електрицитетот.

7-tajni-od-indijkite-za-brz-rast-na-kosata-4.jpg

3. По миењето, плакнете ја косата со ладна вода

Откако ќе ја измиете косата како што тоа го правите обично, маската или регенераторот исплакнете го со студена вода. Така ќе ја подобрите циркулацијата на крвта, што ќе резултира со побрзо растење на косата.

7-tajni-od-indijkite-za-brz-rast-na-kosata-5.jpg

4. Миење со оцет

Измијте ја косата со шампон, па наместо регенератор нанесете јаболков оцет. Се препорачува да не плакнете бидејќи јаболковиот оцет нема толку силен мирис како винскиот. Ова е доволно да го правите 3-4 пати во месецот за да го зацврстите влакното.

7-tajni-od-indijkite-za-brz-rast-na-kosata-6.jpg

5. Протеинска маска

Изматете две белки од јајца и нанесете ги на коренот, па полека разнесете низ целата коса. Замотајте во пешкир за да ја стоплите главата. Недостатокот на протеини често ја прави косата кршлива, а оваа маска ќе ја подобри состојбата.

7-tajni-od-indijkite-za-brz-rast-na-kosata-7.jpg

6. Маска од јајце и бренди

Оваа маска го прави влакното поцврсто и го стимулира растот, а треба само да размешате 2 јајца со 1 мала чашка бренди. Изматете со миксер, па добиената смеса нанесете ја на коренот. Ако сакате да ја распоредите по целата коса, додадете уште малку маслиново масло.

7-tajni-od-indijkite-za-brz-rast-na-kosata-8.jpg

7. Користете есенцијални масла

Комбинирајте неколку есенцијални масла или ставете само масло од кокос. Нанесете на коренот и почекајте 2-3 часа да делува. Двапати исплакнете со шампон.

7-tajni-od-indijkite-za-brz-rast-na-kosata-9.jpg

7-tajni-od-indijkite-za-brz-rast-na-kosata-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава