6 месеци го користам Philips Lumea Prestige – искуство и резултати

6-meseci-go-koristam-philips-lumea-prestige-iskustvo-i-rezultati-01.jpg

Здраво девојки! Поминаа повеќе од 6 месеци откако за прв пат се сретнав и добив можност да го тестирам Philips Lumea Prestige (од почетокот на март годинава).  Доколку не сте ги следеле првите постови – станува збор за IPL уред за домашна употреба кој го намалува растот на влакната веќе после 2 третмани, а оптимални резултати од 75% намалена густина на влакната би требало да се постигнат после 3 до 4 третмани.

Мојот последен пост беше после 6 седмици од првиот третман и резултатите беа и повеќе од видливи. Можам слободно да кажам дека за овој период, успешно се проретчија за 80%.

Бидејќи добивав многу прашања од типот „Сега имаш ли влакна?“, „А, треба ли да се депилираш?“, „А, на препоните?“ и слично, решив да го споделам моето искуство по поминати 6 месеци. Девојки, да, делува секаде!

Следејќи го упатството, јас продолжив да го користам Philips Lumea Prestige на секои 6 недели, затоа што кога ќе почнам да правам нешто, сум упорна до крај, а ова ми беше предизвик со резултати кои ги очекував нетрпеливо.

6-meseci-go-koristam-philips-lumea-prestige-iskustvo-i-rezultati-2.jpg

За време на летниот период, кога се изложував на сонце, третманот го правев 1 седмица пред да се појавам на плажа.

Влакна на нозете, рацете и пазувите во моментов немам! Она што ќе порасне од време на време (5-6 влакна кои не растеле рамномерно) се меки, нежни и незабележливи.

6-meseci-go-koristam-philips-lumea-prestige-iskustvo-i-rezultati-3.jpg

Конечно успеав да се ослободам и од влакната на препоните (овие беа малку поупорни од останатите делови од телото и бараа повеќе третмани за да ги снема) – знаете она кога ќе ви падне камен од душата? Епа така се чувствувам јас сега :-)  И се уште, го обожавам фактот дека може да си го користите дома, кога сакате, без притисок, закажувања, непријатни третмани во салони, без да ви зјапаат тројца во телото.

Ако навистина сакате трајно и безболно отстранување на влакната, овој гаџет за убавина дефинитивно треба да се најде во вашиот дом. Искрено, јас ги земав во предвид и анализирав сите опции за трајна депилација, и дефинитивно ова е најбезболна и најекономична инвестиција.

Во моментов, Philips Lumea Prestige може да го најдете во маркетите на Нептун. Повеќе информации за производот може да прочитате овде.

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...

Најчитани неделава