Топ 5 женски парфеми за зима 2016/2017

Во студениот период, слатките мирисни есенции ќе ги замениме со нешто побогати ноти на цимет, каранфилче, ванила и чоколадо кои асоцираат на зима.

top-5-zenski-parfemi-za-zima-2016-2017-1.jpg

Официјално почна сезоната на зимски капути, шалови и капи, што значи дека на ред е и промената на есенскиот парфем.

Ова се топ 5 парфеми кои ќе доминираат оваа зима:

Куќата YSL најави лансирање на Black Opium Floral Shock на самиот почеток од следната година, кој ќе има карактеристични цветни и зелени мирисни ноти. Но, додека го очекуваме, слободно може да се задоволиме и со прекрасниот Black Opium во кој доминираат нотите на кафе, ванила, јасмин, розов бибер и цвет од портокал.

top-5-zenski-parfemi-za-zima-2016-2017-2.jpg


Shalimar е уште еден погодок со кој не можете да погрешите. Достапен е во неколку варијанти, а секоја се истакнува со мирис базиран на ванила, бергамот портокал и ирис.

top-5-zenski-parfemi-za-zima-2016-2017-3.jpg


Chanel No.5
е парфемот кој нема потреба од претставување. Еден од најпознатите парфеми е одличен за зима бидејќи се базира на ноти од рози, јасмин и цветна-алдехид арома.

top-5-zenski-parfemi-za-zima-2016-2017-4.jpg


За љубителите на „тешки“ мириси, совршен избор би бил Eau Duelle кој е совршен склоп од мириси на слатка ванила, црн чај и ирански шафран.

top-5-zenski-parfemi-za-zima-2016-2017-5.jpg


Ако сакате сите да ве паметат каде и да се појавите, одберете го Orchidee Vanille на Van Cleef & Arpels. Буквално гурмански парфем кој е составен од ванила, орхидеи, чоколадо и бадеми.

top-5-zenski-parfemi-za-zima-2016-2017-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...

Најчитани неделава