Како сестрите Џенер го чистат лицето со ацетон?

Третманот, благодарение на кој Кендал и Кајли Џенер имаат беспрекорна кожа, ја заинтригира јавноста поради необичната состојка која малкумина би ја ставиле на лице.

kako-sestrite-dzener-go-chistat-liceto-so-aceton-1.png

Од семејството Кардашијан - Џенер сме навикнати секојдневно да нè изненадуваат. Овојпат, тоа е со бизарниот третман за убавина што го користат сестрите Џенер за нега на лицето. Кендал го обожува, а и Кајли не е имуна на неговата делотворност.

Нималку вообичаен, „slush" е третман за убавина при кој за чистење на лицето се употребува сув лед и ацетон – истиот што се користи за отстранување на лакот од ноктите и чиј интензивен мирис е невозможно да го игнорирате.

kako-sestrite-dzener-go-chistat-liceto-so-aceton-3_copy.jpg

Нежниот пилинг се подготвува мошне едноставно, со замотување сув лед во газа која е натопена со ацетон, а најчесто се нанесува на лицето, но одличен е и за кожата на грбот и деколтето.

„Ледениот пилинг“ ја чисти кожата и смирува воспаленијата кои се поврзани со акните. Дерматолозите го препорачуваат и на оние што немаат проблеми со мозолчиња, бидејќи ја отстранува нечистотијата и мрснотијата од кожата, спречувајќи го затворањето на порите. Третманот трае околу 10 минути, безболен е, а пoтребно е да се применува еднаш месечно.

kako-sestrite-dzener-go-chistat-liceto-so-aceton-2.jpg

Иако не станува збор за новитет, се најде во центарот на вниманието откако во реалното шоу „Revenge Body" на Клое Кардашијан, дерматологот Кристи Кид презентираше мошне сличен третман на оној што го користат нејзините сестри.

Важно: Не ви препорачуваме да го испробувате третманот сами, дома, без консултација со дерматолог.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава