Зошто не треба да го миете лицето еднаш, туку двапати?
Mиењето на лицето со соодветно средство за чистење на кожата треба да биде дел од стандардната рутина на сите луѓе, а особено на жените. Сепак, иако знаеме дека е важно, сигурно постојат и вечери кога навистина би ја прескокнале оваа рутина.
Но, што кога би ви рекле дека е добро да ја направите, не само еднаш, туку двапати по ред?
Идејата за двојното миење на лицето потекнува од Кореја, каде веќе долго е присутна. Во основа, идејата е да го измиете лицето двапати по ред, но со различни средства.
Со првото миење треба да се отстранат сите нечистотии од површината на кожата, а со второто длабински да се исчистат порите.
Што се постигнува со оваа промена на рутината?
Д-р Крег Краферт, дерматолог, ја поздравува оваа метода за чистење на кожата на лицето. За првото миење, предлага лицето да се исчисти со лесно, пенливо средство, додека при второто миење да се примени некое појако средство, како пилинг. Пенливите средства се нежни кон кожата и нема да ја исушат, додека благиот пилинг ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе и допушти да дише.
„Чистењето, а потоа и пилингот, се основните чекори на корејскиот режим за нега на кожата. Со двојното миење, се постигнува подобро отстранување на мрснотијата и остатоците од мртви клетки од кожата. Колку е почиста кожата, толку поделотворен ќе биде наредниот чекор во негата која ја применувате“ – советува д-р Краферт.
Кога од кожата ќе го отстраните се она што ги затвора вашите пори, автоматски им овозможувате на тониците, кремите, серумите и маските да продрат што подлабоко и делуваат што поделотворно.
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





