Нов тренд на шминкање со привремени тетоважи

Многу е тешко да ја усовршите техниката на мачкино око - една мала грешка и изгледате како моливчето за очи да ве нападнало. Ви требаат добри 10 минути да исцртате едно око, а ако во тој момент малку се помрднете, ќе изгледате како вистинско „ремек дело“. 

nov-trend-na-sminkanje-so-privremeni-tetovazi-1_copy.jpg

И, како тоа да не е доволно, професионалните шминкери, секогаш успеваат да измислат нешто ново и да ни постават нови стандарди за убавина, кои изгледаат неодоливо, но истовремено и премногу тешки за изведување.

За време на летниот период полн со фестивали и концерти, познатата шминкерка Џина Фреи ни покажува како да создадеме уметност со шминка на нашите очи.

Таа кажува неколку чекори како да го постигнете овој изглед.

nov-trend-na-sminkanje-so-privremeni-tetovazi-2_copy.jpg

Најпрвин треба да имате чиста и матирана основа на очите. Доколку не сакате да бидете нападни, потрудете се да користите барем некоја посветла подлога за очите, а не безбојна.

Тетоважите таа ги купува од различни места по вкус. Исечете го со ножици делот кој сакате да го залепи на очите и притискајте силно на капаците или од страните, зависно од тоа каде точно сакате да стои тетоважата.

nov-trend-na-sminkanje-so-privremeni-tetovazi-3_copy.jpg

Со памукче натопено во вода, полека и внимателно, со кружни движења притискајте врз тетоважата за да се залепи цврсто. Сами ќе почуствувате кога тетоважата е готова и кога може да ја одлепите хартијата.

Во текот на процесот потрудете се да бидете целосно релаксирани и да не мрдате, за да се задржи првичната форма на тетоважата.

nov-trend-na-sminkanje-so-privremeni-tetovazi-4_copy.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...
Трендови за убавина со кои ќе треба да се збогувате во 2026-та (и немојте да жалите за тоа) Ако не можете (или не сакате) да се откажете од хајлајтерот, бидете многу умерен...

Најчитани неделава