Како да се изедначат несовршеностите на кожата, и исполнат дури и најдлабоките брчки на лицето?

Истражувањата покажуваат дека една од причините за неминовниот процес на стареењето на кожата е губењето на значајно количество на хијалуронската киселина која се смета за клучен причинител за појавување на длабоките бори. Молекулите на хијалуронската киселина се главните состојки на материјалот за полнење кој се наоѓа меѓу клетките на кожата (средината на врзивното ткиво), а намалувањето на оваа киселина значи губење на нејзиниот волумен. Токму ова е моментот кога се појавуваат борите.

kako-da-se-izednacat-nesovrsenostite-na-kozata-i-ispolnat-duri-i-najdlabokite-brcki-na-liceto-1.jpg

Eucerin® колекцијата со Хијалуронска киселина е креирана токму да ги надополни овие недостатоци на кожата. Овозможува интензивна нега на кожата, полнејќи ги борите од внатре кон надвор, видливо ублажувајќи ги дури и најдлабоките бори.

Најнов производ од оваа колекција е Eucerin HYALURON-FILLER CC дневен крем против брчки, наменет за сите остроумни жени кои сакаат да ги намалат брчките и да имаат изедначен тен на кожата.  Станува збор за прв и единствен подмладувачки CC крем на нашиот пазар со троен ефект на синтеза на хијалуронска киселина, клинички тестиран кој обезбедува брз, безбеден и долготраен природен изглед на кожата. Содржи уникатна високо ефикасна формула која комбинира хијалуронска киселина и сапонини (природен екстракт од никулците на соја) која ја стимулира сопствената синтеза на хијалуронска киселина во клетките на кожата, исполнувајќи ги и најдлабоките брчки од внатре и изедначувајќи го тенот.

kako-da-se-izednacat-nesovrsenostite-na-kozata-i-ispolnat-duri-i-najdlabokite-brcki-na-liceto-4.jpg

ЦЦ кремите кои се дополнување на хијалурон филер линијата, ефикасно ја подмладуваат кожата и  истовремено комплетно ги прекриваат нејзините несовршености. Хијалуронската киселина и сапонините кои ги има и во останатите производи од хијалурон филер линијата, ефикасно и брзо ги пополнуваат дури и подлабоките брчки, а обоените пигменти ја прекриваат нарушената пигментација и другите неправилности на кожата и ѝ даваат изедначен и свеж изглед. Кремите се достапни во две нијанси – светла која одговара за нега на многу светла кожа и потемна нијанса која одговара за нега на кожа каква што има поголем дел од населението кај нас во Македонија.

Во производите има и СПФ 15 и УВА-филтри кои го спречуваат предвременото фотостареење на кожата и појавата на брчки.

kako-da-se-izednacat-nesovrsenostite-na-kozata-i-ispolnat-duri-i-najdlabokite-brcki-na-liceto-2.jpg

Додавката CC (Complexion Correction/Color Correction), претставува напредна и подобрена верзија на BB крем, лесна  и брзоапсорбирачка крема која ги прекрива несовршеностите на кожата и дава мазен и изедначен тен/сјај, ја измазнува кожата, го намалува црвенилото и ги намалува порите. Овој медицински козметички производ може да се користи и како основа за шминка за жени кои преферираат природен тен.

Станува збор за навистина иновативен производ од колекцијата Еуцерин Hyaluron-Filler, која воедно е една од најпродаваните колекциите против стареење на кожата во Европа која содржи дневен крем за сува кожа, за комбинирана кожа, ноќен крем, крем за околу очи и концентрат.

kako-da-se-izednacat-nesovrsenostite-na-kozata-i-ispolnat-duri-i-najdlabokite-brcki-na-liceto-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава