Како да носите што сакате, кога и да посакате?

Со доаѓањето на топлите денови така секоја девојка и жена се преокупира со својот изглед. Летните кратки алишта откриваат делови од телото кои сите ние сакаме да бидат мазни и без влакна. Сепак, совршените мазни нозе без влакна знаат да предизвикаат главоболка кај секоја од нас бидејќи депилирањето и тоа како знае да биде досадна и стресна активност.

kako-da-nosite-sto-sakate-koga-i-da-posakate-001.jpg

Токму поради тоа Philips реши да им помогне на жените и девојките, па ја создаде новата, револуционерна и иновативна технологија IPL која што ја вгради во новата линија на производи Lumea. Lumea Advanced и Prestige буквално го воодушевија понежниот пол бидејќи нудат нешто за кое што досега во специјализираните салони за убавини чинеше прескапо. Станува збор за фотодепилација, т.е. отстранување на влакната со помош на интензивна пулсирачка светлина (IPL), која ни овозможува да уживаме во мазна кожа без влакна дури до 8 недели.

Тоа, на нам жените ни дава слобода да облечеме што сакаме, кога и да посакаме, без да се грижиме за изгледот на нашата кожа. Ова е слободата за која од секогаш сонуваме :)

Дознајте повеќе за Lumea овде>>>

Каде може да се користи Lumea?

Тело -  8,5 минути за долниот дел на двете нозе

Додатокот за тело има најголеми димензии, овозможувајќи помалку време за третман. Има заоблен облик за постигнување оптимален контакт со нашата кожата при третирањето поголеми делови од телото, како што се нозете.

Лице - 1,5 минута

Додатокот за лице има посебно дизајниран дополнителен филтер, како и мал рамен отвор за нежна и прецизна примена над усните, брадата и бакенбардите.

Бикини-зона - 2 минути

Додатокот наменет за третман на бикини зоната е посебно дизајниран за ефикасен третман на влакната. Овој додаток е заоблен и вклучува екстра-провиден филтер. Влакната во оваа зона се појаки и погусти од влакната на нозете.

Под пазувите - 2,5 минути

Додатокот што се користи за третман на зоната под пазувите  има посебен заоблен дизајн за да можете да ги третирате дури и најнедостапните.

kako-da-nosite-sto-sakate-koga-i-da-posakate-2.jpg

Philips Lumea Prestige дејствува ефикасно, лесно и безбедно на голем број типови влакна и кожа. Дејствува на природни темноруси, кафеави и црни влакна, како и на кожа со многу светол до темнокафеав тен. Како и со сите други методи на фотодепилација што ја користат интензивната пулсирачка светлина, палетата производи Philips Lumea не може да се користи за третман на бели/сиви, светлоруси или црвени влакна, како ни за многу темна кожа. Причината за тоа е што е потребен голем контраст помеѓу пигментот во бојата на влакното и пигментот во бојата на кожата. влакна под пазувите. Постојат најразлични начини и методи, но досега ниту еден од нив не го реши проблемот со повторното растење на влакната. Токму поради тоа Philips реши да направи револуција во безбедното и лесно отстранување на влакната од телото.

Дали третманот со Philips Lumea IPL е болен?

При опсежните (клинички) истражувања на Lumea, ниту една од жените што беа вклучени во нив не го оцени третманот како болен. При испитувањата, некои од жените укажаа на тоа дека почувствувале „топлина“, „боцкање“ или „чешање“, што во најголем дел од случаите исчезнувало во рок од неколку минути по третманот за разлика од обичната депилација со восок која е болна за секоја од нас.

Дознајте повеќе за Lumea овде>>>

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg