5 знаци дека користите погрешна крема за лице

Хидратантната крема за лице е основниот производ за нега, што би требало да го користи секој што води грижа за убавиот изглед, како и за доброто здравје на својата кожа. Но, погрешниот избор може да ви предизвика повеќе штета, отколку корист.

5-znaci-koi-otkrivaat-deka-koristite-pogreshna-krema-za-lice-1_copy.jpg

Сепак, како и кај многубројните други козметички производи, понекогаш е мошне тешко да ја пронајдете онаа вистинската.

За почеток, потребно е да ја познавате својата кожа и одберете крема која најдобро ѝ одговара.

5-znaci-koi-otkrivaat-deka-koristite-pogreshna-krema-za-lice-2_copy_copy.jpg

Но, дури и ако точно го знаете вашиот тип на кожа, можно е кремата  едноставно да не ви соодветствува, од некоја потполно друга причина.

А, дека време е да ја замените кремата што ја користите со некоја нова, најчесто откриваат овие пет знаци на кожата:

1. Шминката никогаш не ви е мазна

Доколку шминката секогаш ви се „распаѓа“ во текот на денот, тогаш веројатно хидратантната крема што ја користите е претешка за вашата кожа. Заменете ја со некоја полесна, или, пак, можеби - со лосион за лице.  

5-znaci-koi-otkrivaat-deka-koristite-pogreshna-krema-za-lice-3_copy.jpg

2. Ви избиваат мозолчиња

Мозолчињата, акните и останатите несакани појави на вашето лице, исто така може да бидат знак дека не сте одбрале адекватна крема за својот тип на кожа. Испробајте некоја крема што во себе не содржи масла, или, пак, наменета е за комбинирана или мрсна кожа.

5-znaci-koi-otkrivaat-deka-koristite-pogreshna-krema-za-lice-4_copy_copy_copy.jpg

3. Вашата кожа секогаш изгледа сува

Иако секој ден се мачкате со хидратантна крема, кожата сѐ уште ви изгледа суво? Тоа значи дека и понатаму ѝ недостасува хидратација, па можеби би требало да се префрлите на производ што во има хијалуронска киселина, како и да се обидете да правите пилинг на секои три дена.

5-znaci-koi-otkrivaat-deka-koristite-pogreshna-krema-za-lice-5_copy.jpg

4. Лицето ве пече

Ако по нанесувањето на кремата, лицето секогаш ве пецка, тогаш дефинитивно е време да ја замените со нова, бидејќи таа што ја користите не одговара на pH вредноста на вашата кожа.

5-znaci-koi-otkrivaat-deka-koristite-pogreshna-krema-za-lice-6_copy.jpg

5. Ви се појавуваат милиуми

Ги знаете оние мали бели точки на кожата, кои обично се појавуваат околу очите, а е невозможно да ги истиснете? Познати се и под називот милиуми, а показател се дека производот кој го користите е претежок за кожата, поради што таа не може да го впие. Тогаш е време за нова, полесна хидратантна крема.

5-znaci-koi-otkrivaat-deka-koristite-pogreshna-krema-za-lice-7_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава