Трикови за убавина кои ќе посакате да сте ги знаеле порано

За отстранување црнки од лицето

Ако ви е преку глава од црнките на носот или друг дел од лицето, нправете си домашна маска: измешајте 1 лажица топла вода, 1 лажица брашно и 1 лажица мед. Натопете памук во смесата и нанесете на проблематичниот предел. Отстранете ја маската по 10-15 минути.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-08.jpg

За уредни пазуви

Можете да ја осветлите бојата на кожата под пазувите само со помош на облоги од рендан компир. Оставете да стојат на кожата половина час.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-09.jpg

За мазни пети

За петите секогаш да ви бидат мазни земете 2 чаши топла вода и додаде ½ чаша сода и 1 чаша оцет. Потопете ги нозете 15-20 минути и потоа исушете ги со пешкир. На крај нанесете хранлива и мрсна крема.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-10.jpg

За бели заби

Јагодите може да ви помогнат малку да ги избелите забите. Измешајте 1 лажица јагоди и 1 лажица сода, па искористете ја мешавината како паста 2 пати месечно.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-11.jpg

За пријатен мирис

Ако сакате и косата да ви мириса убаво, испрскајте ги четките за коса со омилениот парфем и потоа исчешлајте се неколкупати.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-12.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 навики за убавина кои секоја девојка треба да ги знае до 30-тата година Да научат дека инвестирањето во квалитетна козметика е инвестирање во себе. Да п...
Тура на убавина: 15 убавици со спој на гени од различни националности Кога ќе се спојат гените од различни националности, тогаш се раѓаат најубавите д...
Голем нос, краток врат: Со какви трикови славните дами си ги кријат маните? (фото) Како Парис Хилтон визуелно ги крие големите стапала? Како Оливија Вајлд ги издол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg