Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трикови за убавина кои ќе посакате да сте ги знаеле порано

Не е лесно да се изгледа совршено, а тоа е сонот на секоја девојка.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-01.jpg

Потребна е редовна нега и грижа за вашето тело, а тоа треба да го практикуваат сите - и млади и возрасни.

Неколку тајни кои ќе ви заштедат многу време и пари, а ќе ве направат прекрасни:

За убава коса:

Ако косата често ви се мрси, додадете морска сол во вашиот шампон и коренот на косата ќе стои чист подолго време.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-02.jpg

За густи трепки и веѓи:

Не ја фрлајте старата маскара. Измијте ја и во тубата измешајте рицинусово масло, витамин Е и алое сок. Со четката нанесувајте од мешавината на трепките и веѓите. Се користи еднаш месечно пред спиење.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-03.jpg

За темните кругови под очите

Ако сте љубител на кафе, не го фрлајте талогот од кафето што ќе го испиете. Тоа може да ви помогне да ги освежите очите. Измешајте го со кокосово масло во сооднос 1:1 и нанесете на кожата под очите, па оставете да отстои 15 минути. Користете ја маската 3-4 пати неделно.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-04.jpg

За убаво тело

Ова може да делува како анти-целулитно средство. Измешајте 2 лажици мелен ѓумбир, 5 лажици маска од глина и 10 лажици топла вода. Мачкајте ја мешавината на деловите кои не ви се допаѓаат (стомак, спојлери, колкови, раце) и замојтајте ги со фолија.

Оставете да стои 1 час, а потоа истуширајте се. Повторувајте го ова еднаш неделно.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-05.jpg

За мазни нозе

Измешајте ¼ сок од лимон, 2 чаши шеќер и ¼ чаша вода. Загрејте ги на тивок оган додека мешавината не добие златна боја, па оладете ја и намачкајте  на нозете во спротивна насока од растот на влакната. Потоа нагло извадете ја „лентата“.

Секако немојте одеднаш да ги намачкате цели нозе. Прво пробајте на мал дел.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-06.jpg

За цврсти нокти

Измешајте мед и кокосово масло во сооднос 1:1 и додадете неколку капки масло од лаванда. Истурете ја мешавината во искористено шишенце од лак и мачкајте ги ноктите за да ви зацврснат.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-posakate-da-ste-gi-znaele-porano-07.jpg

Уште 5 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро) Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете р...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg