5 клучни правила за нега на кожата по 25-тата година

Откако ќе наполните 25 години, вашата кожа бара дополнителна нега. Велат дека од начинот на кој се грижиме за кожата на 25 години зависи изгледот на кожата во позрелите години.

5-kluchni-pravila-za-nega-na-kozhata-po-25-tata-godina-01.jpg

Ова се клучните работи кои не смеете да ги занемарите за да имате чиста и здрава кожа:

Маска за лице

По 25-тата година треба да нанесувате маска за лице 3 пати неделно. Сепак, овој број варира во зависност од типот на кожата. Во летниот период користете серум на база на хијалуронска киселина – дава хидратација на кожата и го освежува лицето.

Заштита на кожата

Во овие години, кремите со СП фактор треба да ги користите секојдневно, без разлика дали одите на работа или на плажа. Најдобро би било да користите и течна пудра која содржи СП фактор.

Масажа

По 25-тата година, време е да размислите за масажа на лицето. Освен на козметичар, масажа можете да си направите и дома. Како основа, користете го омиленото масло или серум за лице.

5-kluchni-pravila-za-nega-na-kozhata-po-25-tata-godina-02.jpg

Хидратација

Хидратацијата е важна без разлика на возраста. Изберете квалитетен крем од познат бренд кој најдобро одговара на вашиот тип на кожа, а пожелно е да содржи минерални масла и глицерин.

Чистење

Чистењето на кожата треба да ви биде приоритет и никогаш не смеете да го занемарите. Дерматолозите советуваат да користите природни и благи производи за чистење на кожата.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава