Совршена жена - Софија Лорен на 82 години изгледа прекрасно (фото)

Софија Лорен е една од ретките познати личност кои не ги кријат годините, а нема ни причина за тоа. Познатата актерка во септември оваа година ќе полни 83 години, но и покрај тоа нема намера да се повлече од јавноста.

koja-e-tajnata-sofija-loren-ima-godini-i-izgleda-sovrsheno-01.jpg

Холивудската дива сé уште работи на модни кампањи и реклами за светски познати брендови. Во 2014-тата, Софија беше заштитно лице на компанијата за накит „Damiani“ кои направија колекција накит во нејзина чест.

koja-e-tajnata-sofija-loren-ima-godini-i-izgleda-sovrsheno-15.jpg

Следната година, дизајнерското дуо Долче и Габана ја ангажираа да претставува кармин од нивната колекција на шминка. Софија Лорен често можеме да ја видиме на разни настани каде секогаш изгледа беспрекорно и гламурозно.

koja-e-tajnata-sofija-loren-ima-godini-i-izgleda-sovrsheno-10.jpg

Ова се тајните на нејзиниот изглед кои таа ги сподели со јавноста:

Денот ѝ почнува во 5 часот наутро. Вежба, појадува и оди на прошетка.

Секој ден пие 8 чаши вода, консумира маслиново масло не само во храната, туку и како дел од маски за нега на кожата, а го додава и во топла купка и лицето го мие со коцки мраз.

За да ја одржи виталноста и одличната фигура, актерката пешачи и се придржува кон здрава исхрана.

koja-e-tajnata-sofija-loren-ima-godini-i-izgleda-sovrsheno-04.jpg

Освен беспрекорниот изглед, Софија Лорен е позната по нејзината одмереност и женственост во сите животни ситуации.

Оваа харизматична актерка смета дека младоликоста се должи на три главни особини: креативност, интелект и талент. Верува дека секој си има сопствено гледиште за убавината, но дека сите треба да се фокусираат на поважни нешта. Најмногу сака да чита книги и да ги гледа филмовите од нејзините почетоци.

koja-e-tajnata-sofija-loren-ima-godini-i-izgleda-sovrsheno-02.jpg

Софија Лорен е вистинска стилска икона и жена од која може многу да се научи за и изгледот, и за харизмата и духот.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
Нокти кои потсетуваат на љубов - 40 идеи за маникир за Свети Валентин (фото) Денот на вљубените е совршено време за нокти со тема љубов - време е за црвени л...

Најчитани неделава