Медот во светот на убавината: 3 едноставни рецепти за здрава и сјајна коса

Благодатите на медот се познати уште од античкото време. Освен што помага при многу проблеми со организмот, овој чудесен производ има и безброј придобивки за лицето и телото.

medot-vo-svetot-na-ubavinata-3-ednostavni-recepti-za-zdrava-i-sjajna-kosa-01.jpg

Имаме среќа што кај нас природниот мед го има во изобилие, па скоро секој го има дома.

Ако сакате да ја пробате делотворноста на медот на вашата коса, ви предлагаме 3 едноставни рецепти кои можете да си ги комбинирате по ваша желба:

Шампон за коса

1. Во една шолја измешајте 1 децилитар топла вода и 1-2 лажичка мед.

2. Добро измешајте за да можат медот и водата да се сврзат.

3. Смесата постепено нанесувајте ја на косата, и втријте ја со прстите, почнувајќи од скалпот, па сé до врвовите, како што ја миете косата со шампон.

4. На крај, исплакнете ја косата со млака вода.

Маска за коса

1. Пред миење, намачкајте ја косата со мед.

2. Со прстите втријте го медот од врвовите кон коренот.

3. Оставете да делува половина час, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

Регенератор за коса

Состојки:

  • 1 зрело авокадо
  • 2-3 лажици мед
  • 2-3 лажици маслиново масло

1. Излупете го авокадото и добро „изгмечето“ да стане кашесто.

2. Додадете ги медот и маслиновото масло и измешајте си сите состојки заедно (можете да користите рачен блендер).

3. Смесата нанесете ја на косата и оставете да делува од 30 до 60 минути. Косата можете и да ја покриете со кеса или топла крпа.

4. Измијте ја косата на вообичаениот начин.

medot-vo-svetot-na-ubavinata-3-ednostavni-recepti-za-zdrava-i-sjajna-kosa-02.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава