Домашна замена за ацетонот: Течност од 2 состојки кои ги имате дома

Отстранувањето на лаковите за нокти во светли бои е лесно, но ако сте биле лакирани со потемна нијанса, понекогаш треба подолго време за да се извади бојата, а често остануваат траги на ноктите и на кожата околу нив.

priroden-i-delotvoren-domashen-otstranuvach-na-lak-za-nokti-od-samo-dve-sostojki-01.jpg

Ацетоните и купечките отстранувачи на лак се полни со хемикалии, ги сушат ноктите и го забавуваат растот. Ацетоните на база на масло се поквалитетни, но и тие содржат хемикалии во својот состав.

Овој отстранувач на лак е потполно природен, а можете да си го направите од две состојки што сигурно ги имате дома: лимон и алкохолен оцет.

priroden-i-delotvoren-domashen-otstranuvach-na-lak-za-nokti-od-samo-dve-sostojki-02.jpg

Подготовка:

Во сад исцедете половина лимон и додајте 4 лажички алкохолен оцет.

Со таа мешавина отстранете го лакот за нокти со помош на памукче, а потоа измијте ги рацете со вода.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Активни состојки во продуктите за нега што треба да ги избегнувате ако имате сува кожа Салицилната киселина е состојка која може да помогне во борбата против акни. Но,...
Состојки што е најдобро да ги избегнувате ако имате кожа склона кон акни Никако немојте да користите кокосово масло на лицето и прескокнете ги продуктите...

Најчитани неделава