Не им верувајте на блогерките: Опасни трикови за убавина кои не смее да ги пробате

Црвен кармин како средство за прикривање на подочниците, домашни фластери за митесери од сода бикарбона, чашка за ракија како алатка за „пумпање“ на усните...

ne-im-veruvajte-na-blogerkite-opasni-trikovi-za-ubavina-koi-ne-smee-da-gi-probate-1.jpg

Нема што не сме виделе на интернет, кога се козметиката од домашната кујна и триковите за разубавување во прашање. Но, тоа не значи дека сѐ треба и да испробаме дома.

По правило, пожелно е да се избегнува сѐ што изгледа опасно и се коси со здравиот разум.

На крајот на краиштата, не се исплати да си ја повредите кожата и започнете ера на нови проблеми на лицето, само поради туторијалот што одредена блогерка го снимила, со намера да предизвика реакции.

ne-im-veruvajte-na-blogerkite-opasni-trikovi-za-ubavina-koi-ne-smee-da-gi-probate-2.jpg

Harper's Bazaar направи листа на трикови од социјалните мрежи, кои никако не би смееле да ги испробате, а ние се сложуваме со нивниот избор:

1. Лимон + сода бикарбона = средство за избелување на пазувите

Оваа комбинација е опасна, бидејќи може да ја изгори кожата и предизвика грозни иритации, особено на нежното подрачје под рацете, кое често се депилира. Избегнувајте ја по секоја цена!

2. Лак за нокти како средство за лечење херпес на усните

Усните се осетливи и толку близу до усната шуплина, што нанесувањето лак за нокти, полн со штетни хемикалии, никако не е добра идеја. Покрај тоа, кога лакот премногу ќе го исуши херпесот, би можело да дојде до трајна лузна на усните, а тоа не го сакате, зар не?

3. Дезодоранс во стик како подлога за шминка

Зошто би користеле мирислив стик кој ќе ви ја исуши кожата на лицето, а многу веројатно ќе предизвика и црвенило, како и затворање на порите, кога постојат ефикасни „прајмери“ за лице, кои и не се така скапи? Плус тоа – навистина ли сакате лицето и пазувите да ви мирисаат исто?

4. Васаби паста на мозолчињата

Влогерката Farah Dhukai  ги воодушеви своите фанови, кога објави дека користи васаби паста за мозолчиња. Farah тврди дека благодарение на овој прехранбен производ од азиската кујна, акните и мозолчињата исчезнуваат како да се избришани со магично стапче, што посебно го налути докторот Gohar, со кого разговараше екипата на Harper's Bazaar:

Сакам докази, покажи ми докази. Васаби не содржи ниту една состојка која ги смалува воспалителните процеси! Покрај тоа, може да го изгори лицето и опасно да ги изиритира очите.“

5. Истиснување на митесери со конец за чистење заби

Во секој случај, истиснувањето на митесерите е незгодна работа, бидејќи во процесот на чистење, лесно може да се повреди и олупи кожата на носот со ноктите. Повлекувањето на забниот конец долж површината на носот, ќе отстрани и слој на кожа, што никако не може да биде добра работа.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава