Летни маски за регенерација на косата оштетена од сонце

Во летните денови, на косата ѝ е потребна дополнителна нега. Сончевите зраци го оштетуваат влакното па затоа е важно по одморите косата да се обнови и да ѝ се врати бујноста и сјајот.

4-letni-maski-za-regeneracija-na-kosata-oshtetena-od-sonce-01.jpg

Ви предлагаме 4 едноставни маски за брза регенерација на косата оштетена од сонце:

Маска од мед и коњак

Измешајте една чашка коњак со една лажица мед и додадете една лажица сол. Смесата нанесете ја на косата и завиткајте ја главата со пешкир. По 30 минути, измијте ја косата со топла вода и шампон.

Маска со алое вера и јајце

Измешајте една лажица алое сок со две жолчки. Можете да додадете и малку лук. Нанесете ја маската и по 40 минути, измијте ја косата со ладна вода.

Маска со јогурт

Измешајте една шолја јогурт со една лажичка безбојна к’на. Втријте ја маската во коренот и оставете да отстои 30 минути. Измијте ја косата со шампон.

Маска со лимон

Измешајте сок од половина лимон со 4 лажички бадемово или кокосово масло. Втријте ја смесата во косата и почекајте 20 минути пред да ја исплакнете.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава