Мали совети за бојата на косата да ви трае подолго

Бојадисувањето на косата е нешто што го прават голем дел од жените. Некои сами дома, некои на фризер, но како и да е, бојадисувањето е важен дел од негата на косата.

soveti-za-bojata-na-kosata-da-vi-trae-podolgo-01.jpg

За жал, резултатите од овој процес траат прилично кратко, па веќе по речиси една недела бојата почнува да избледува.

За бојата да ви трае подолго, а со тоа и косата да ви изгледа поубаво, следете ги овие неколку совети:

Избегнувајте миење со многу топла вода

Топлата вода не само што ја суши кожата, туку и ја оштетува бојата на косата, па таа побрзо ќе избледе. Најдобро е да ја миете косата со млака вода за да постигнете најдобри резултати.

Заштитете ја косата во летниот период

Познато е дека сонцето ја оштетува косата, а може и да ја осветли, па бојата освен што ќе трае пократко, може и да се промени. Морската вода како и хлорот во водата во базенот исто така придонесуваат за краткотрајност на бојата, па затоа заштитете ја косата со правилен третман кога сте на одмор и откако ќе се вратите.

Не претерувајте со фенирање, пеглање и виткање на косата

Неколку денови по бојадисувањето, избегнувајте често да ја фенирате, пеглате или виткате косата. Топлината од фенот, пеглата, фигарото и другите уреди за стилизирање го оштетуваат влакното и ја горат косата, па бојата веднаш ќе почне да избледува.

soveti-za-bojata-na-kosata-da-vi-trae-podolgo-02.jpg

Користете кокосово масло

Еднаш неделно, нанесете малку кокосово масло на косата, завиткајте ја со топла крпа и останете така половина час, па потоа измијте ја косата. Кокосовото масло освен што го зголемува растот на косата и ја прави бујна и здрава, поволно делува и на бојата, односно бојата трае подолго.

Користете квалитетен чешел

Чешлањето на косата со квалитетен чешел или четка го подобрува растот, ја прави косата посјајна, а со тоа и бојата изгледа поубаво и подолго трае бидејќи правилно се распределуваат природните масла на скалпот.

Не претерувајте со миење

Ако ја бојадисувате косата, не треба да ја миете многу често, особено не секој ден. Исто така, важно е да користите шампон наменет за бојадисана коса.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро) Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg