Совети од експерт – Како да направите вашите веѓи да изгледаат пополно?

Веќе неколку години наназад, полните, дебели веѓи се во мода. Можеби треба да им заблагодариме на супер моделите како Кара Делевин за трендот, а можеби треба да се свртиме кон науката, која тврди дека полните веѓи инстантно даваат младешки сјај и дека луѓето се попрепознатливи по веѓите отколку по очите.

Kako-da-napravite-vasite-vegi-da-izgledaat-popolno-01.jpg

Со веѓите автоматски му давате структура на ликот. Добро обликуваните веѓи прават да изгледаат побудни, со повеќе енергија и на некој начин совршено „исполирани“.

Веѓите го врамуваат ликот, во тоа нема никаков сомнеж. Но, доколку сте од оние кои во младоста имале претенки веѓи, а им растат премногу бавно или им се ретки, време е да ги испробате следните неколку совети од експерт за веѓи, со цел да добиете поволуменозни и повпечатливи веѓи.

Целта е тие да изгледаат што е можно поприродно, а ова е се чекорите кои треба да ги направите со цел да добиете совршени „рамки“ врз вашите очи:

Одберете молив, наместо пудра или сенка за веѓи

Моливот овозможува подобра и попрецизна контрола врз исцртувањето на веѓите. Воедно, тој полесно се сенчи, односно „бленда“.

Кога ја бирате бојата, за поприроден изгледа одберете молив за веѓи во иста боја како природната боја на вашата коса, поточно нијансата на коренот.

Доколку сакате подраматичен изглед, одберете нијанса потемна боја од онаа на вашиот корен.

Исчешлајте ги веѓите

Пред да започнете со исцртување, исчешлајте ги веѓите нагоре, со цел да добиете пополна форма. Наместо да почнете да исцртувате со моливот од самиот почеток на веѓата, започнете да ги пополнувате местата кои се најпразни со влакненца.

Целта е тие да изгледаат што е можно поприродно и ненападно. Работете со меки, но кратки и брзи потези, имитирајќи ефект на лажни влакненца на веѓите.

Правилно движете го моливот

Кога ќе стигнете на крајот од лакот на веѓата, движете го моливот кон внатрешниот агол, отколку да го влечете надолу, бидејќи сакате веѓите да бидат подигнати, а не свиткани надолу, односно „потонати и тажни“.

Не заборавајте да сенчите

Наместо да ја оформите и пополните веѓата со моливот па дури потоа да сенчите, сменете ја рутината и блендајте ја бојата додека ја нанесувате, малку по малку.

На тој начин веѓите ќе изгледаат многу поприродно, бидејќи константно ја блендате бојата врз веѓите. На крајот треба да изгледа толку суптилно и да не се познава, како воопшто да не сте ја нанеле.

Исчешлајте ги веѓите уште еднаш и додадете малку бела сенка или хајлајтер веднаш под лакот на крајот од веѓата за повпечатлив изглед.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава