8 правила за нега на кожата по кои се водат и самите дерматолози

Кога одиме на козметичар или дерматолог, секогаш сакаме да ги дознаеме нивните тајни. Кои средства за нега на кожата ги користат, кои маски ги преферираат и воопшто што треба да се направи за да кожата на лицето ни биде свежа и сјајна?

8-tajni-za-nega-na-kozata-01.jpg

Ова се 8 тајни кои вашиот козметичар ги крие од вас, а лесно може да ги постигнете и дома:

Нежно чистење

Внимателното чистење без користење на агресивни агенси е една од главните тајни на дерматолозите. Одберете производ којшто содржи масни состојки, тие овозможуваат да се одржи влагата во кожата. 

Наесен и во зимскиот период, подобро е да се користи млеко и гел за миење на лицето и тоници без алкохол и киселини.

8-pravila-za-nega-na-kozhata-po-koi-se-vodat-i-samite-dermatolozi-2-1.jpg

Колку крем ми е потребно?

Повеќе е подобро - се користи редовно како изрека од дерматолозите. Ставање на доволна количина на средство за сончање е важно за да ја одржите кожата млада. 

Одберете доза - половина кафена лажичка, оваа количина е доволна за да го нанесете производот во два слоја.

8-tajni-za-nega-na-kozata (7).jpg

Термална вода за сува кожа

За да ја задржат еластичноста на кожата, дерматолозите користат аеросол со термална вода, којашто содржи бакар, железо, натриум и калциум. Водата е полна со минерални комплекси, вклучувајки и селен, којшто штити од ултравиолетовото зрачење.

8-tajni-za-nega-na-kozata (6).jpg

Помалку е подобро

Купувајте помали пакувања. Со истекувањето на ракот на траење корисните состојки на козметичкиот производ слабеат, а активните состојки не го даваат посакуваниот магичен резултат.

8-tajni-za-nega-na-kozata (5).jpg

Правилно позиционирање

Наведнување на главата надолу ја подобрува циркулацијата на крвта, а зголемувањето на внесот на кислород ѝ дава сјај на кожата. Редовните јога вежби, исто така, ги намалуваат воспалителните процеси и го намалуваат стресот.

8-tajni-za-nega-na-kozata (4).jpg

Правилни чаршафи

Брчките се појавуваат и додека спиете. Ова зависи од материјалот од којшто е изработена навлаката на перницата. Свилените навлаки не се туткаат и не дозволуваат да се прават брчки на лицето бидејќи кожата се лизга по нив.

8-pravila-za-nega-na-kozhata-po-koi-se-vodat-i-samite-dermatolozi-2-2.jpg 

Комплексната нега е поефективна

Кремот за сончање и антиоксидантите е најдобро да се користат наутро. 

Ретиноидите (креми базирани на витамин А, коишто се борат со брчките, рапавоста на кожата и пигментираните дамки) и пептидите (за чувствителна кожа) се користат навечер. Оваа комбинација најдобро функционира во парови.

8-pravila-za-nega-na-kozhata-po-koi-se-vodat-i-samite-dermatolozi-2-3.jpg

Есенска заштита

Наесен кремите треба да бидат погусти и да се избегнуваат кремови со гел-структура. Составот треба да биде хијалуронска киселина, витамини Ц и Е, масни состојки, алое. Внимателно ексфолирајте го најгорниот дел од епидермисот на кожата којшто се формира за време на летото (а содржи главно мртви клетки). 

Аминокиселините помагаат во ова, исто така и органските масла (кајсија, слива, шеа, манго).

 8-pravila-za-nega-na-kozhata-po-koi-se-vodat-i-samite-dermatolozi-2-4.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава