Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity нега против стареење на кожата, за поцврст, посвеж и поблескав ефект

Структурата на кожата се менува како старееме: прво се појавуваат фини линии и брчки што со текот на времето се продлабочуваат.  Како што кожата продолжува да старее нејзината  цврстина, сјајот, а подоцна и нејзината еластичност постепено се намалуваат. Губење на еластичноста, во комбинација со појавата на длабоки брчки е примарна грижа во процесот на стареење на  многу жени со зрела кожа.

eucerin-hyaluron-filler-elasticity-nega-protiv-stareenje-na-kozhata-za-pocvrst-posvez-i-pobleskav-efekt-01.jpg

Стареењето на кожата е природен процес, а голем дел од него е предизвикан од фактори што не можеме да ги контролираме, како што е нашата генетика. Меѓутоа, постојат и надворешни фактори,  на кои може позитивно да се влијае. Одредени избори на начин на живот, како што се количеството на сонце на кое ја изложуваме нашата кожа, нашата исхрана, може да го забрзаат стареењето на кожата и да предизвикаат предвремено стареење. Правејќи разумни одлуки и овозможувајќи соодветна нега и заштита на кожата, може да се задржи убавиот и младешки изглед подолго време.

eucerin-hyaluron-filler-elasticity-nega-protiv-stareenje-na-kozhata-za-pocvrst-posvez-i-pobleskav-efekt-02.jpg

Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity е нов производ, специјално формулиран за да ги намали длабоките брчки, да ја подобри еластичноста и да ја негува кревката и зрела кожа. Иновативната формула на Еуцеринкомбинира висока и ниска молекуларна хијалуронска киселина која видливо ги измазнува длабоките брчки. Арктиин, екстрахиран од растението пиреј докажано го забрзува обновувањето на колаген во клетките на кожата, во  комбинација со силимарин - моќен антиоксиданс кој ги заштитува колагенот и еластинот од слободните радикали и ја подобрува циркулацијата на кожата на клеточно ниво. Кожата се чувствува цврста и мазна, а изгледа свежа и негувана.

eucerin-hyaluron-filler-elasticity-nega-protiv-stareenje-na-kozhata-za-pocvrst-posvez-i-pobleskav-efekt-03.jpg

Колекцијата Eucerin Hyaluron-Filler вклучува три иновативни линии, кои се клинички и дерматолошки и кои докажано обезбедуваат повеќекратни придобивки против стареењето на кожата. Секоја линија има различен примарен фокус (брчки, губење на волуменот и губење на еластичноста) за сигурност дека кожата ја добива потребната грижа во секоја фаза од процесот на стареење.

eucerin-hyaluron-filler-elasticity-nega-protiv-stareenje-na-kozhata-za-pocvrst-posvez-i-pobleskav-efekt-04.jpg

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава