Зошто треба веднаш да ја фрлите вашата памучна навлака од перницата за спиење?

Знаете ли кое е најдоброто нешто коешто може да го направите за вашето лице и косата?

zosto-treba-vednas-da-ja-frlite-vasata-pamucna-navlakaod-pernicata-za-spienje-001.jpg

За почеток, веднаш да ја смените навлаката на перницата на којашто спиете, односно да се ослободите од стандардните памучни навлаки.

Идејата да дадете пари за свилена или навлака со сатенски финиш можеби не ви изгледа како најпаметна во моментот или финансиски најисплатлива, но бидете сигурни дека оваа инвестиција ќе ви се исплати.

Доколку сепак свилените навлаки ви се премногу екстравагантни и скапи за џебот, слободно може да го замените изборот со сатенски навлаки.

Еве и зошто: кога спиете на памучна навлака, памукот ја „влече“ вашата коса, виткајќи и заплеткувајќи ја. Токму поради таа причина се будите разбушавени, иако претходната вечер грижливо сте ја исфенирале и средиле вашата коса.

Сатенската или свилената навлака овозможува вашата коса да се движи слободно и мазно врз површината. Тоа значи дека не се јавува непотребно триење помеѓу косата и перницата, нема тегнење или влечење на влакната и се будите со свиленкаста, мека и мазна коса.

Друг интересен детаљ кој можеби не сте го знаеле досега е дека памукот има тенденција да ја извлекува влажноста од вашата коса, што со текот на времето ја прави кршлива, повеќе склона кон кинење и оштетување.

Памукот, исто така, повеќе ги впива производите за нега на кожата и косата, за разлика од сатенот и свилата.

Памучните навлаки предизвикуваат повеќе брчки со текот на времето и поуморна кожа, во однос на нежните сатенски навлаки кои ја „измазнуваат“ и онака деликатната кожа на лицето.

Затоа направете паметна одлука и инвестирајте во свиленкасто сатенска перница уште денес.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...

Најчитани неделава