Бои за коса кои ќе ве направат помлади за 10 години

Кога ниту една крема против брчки не е доволно добра да избрише неколку години од нашето лице, тогаш е време да направиме едноставни промени на себе, на пример при изборот на шминка, начин на облекување, но секако и при изборот на боја на коса.

odberete-boja-za-kosa-koja-ke-ve-napravi-10-godini-pomladi-2.jpg

Кога е во прашање бојата за коса, многу често подмладувањето зависи и од правилно избраната нијанса.

Ова дефинитивно не може да направи магија и да нè врати во тинејџерските денови, но едно е сигурно – добро избраните тонови можат со сигурност да избришат неколку години од нашето лице.

Погледнете неколку предлози за стилизирање на бојата, со чија помош загарантирано ќе се подмладите:

Прамени во нијанса на карамел

Одличен избор за бринети кои сакаат да сменат нешто на себе, но тоа да не биде премногу воочливо. Карамелните тонови го омекнуваат изразот на лицето и даваат нова димензија на бујност на косата.

Без разлика дали ќе одберете едноставно извлекување на прамени или пак некоја од техниките на сенчење, ефектот на подмладување е неизбежен.

odberete-boja-za-kosa-koja-ke-ve-napravi-10-godini-pomladi-3.jpg

Златесто-руса нијанса

Светла руса коса во нијансите познати како руса јагода или златна диња се одличен избор за оние со безживотна пепеласта коса. Со додавање на овие богати нијанси на руса коса, придонесувате вашата појава да зрачи со младост и самоувереност.

Сепак, имајте на ум дека оваа нијанса бара редовно одржување на фризер на секои 4-6 седмици.

odberete-boja-za-kosa-koja-ke-ve-napravi-10-godini-pomladi-4.jpg

Сончево сомбре

Техника за сенчење што потсетува на омбре и балајаж, во која косата се бои така што некои прамени само малку двојат од природната боја, а пак кај други е поизразен контрастот. Токму ваквиот начин на осветлувањето, но и самиот  контраст ќе придонесат да изгледате неколку години помлади.

Избегнувајте монотоно бојадисување на косата и концентрирајте се на осветлување и нијансирање – на овој начин вашето лице ќе блеска.

odberete-boja-za-kosa-koja-ke-ve-napravi-10-godini-pomladi-5.jpg

Шампањ-розова

Русокоса со пастелна нијанса на розова, боја која што е подеднакво популарна и кај тинејџерки, но и кај жени. Многу познати дами се согласуваат дека ненападната розова нијанса го штити и зачувува младиот дух кај девојките.

Доколку имате светла коса, можете да користите розов прелив за коса и во домашни услови. Користете прелив или тониран шампон на секое миење на косата.

odberete-boja-za-kosa-koja-ke-ve-napravi-10-godini-pomladi-6.jpg

Темна основа со интензивни руси прамени (позната уште како „broomstick“ руса)

Изберете топла нијанса на русата боја за коса. Основата треба да биде за нијанса потемна од вашата природна боја, а нијансирањето е слично како балајаж. Негувајте ја косата со тонирачки шампон.

odberete-boja-za-kosa-koja-ke-ve-napravi-10-godini-pomladi-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава