Оваа пролет пробајте го тројниот розов мејкап стил

Месецот март уште е познат и како месец на модата во кој се дефинираат трендовите, кои ќе ги одбележат следните сезони. По сивилото на зимските месеци, следува будење на природата, а тоа значи дека и во вашиот изглед треба да внесете повеќе боја.

50-nijansi-na-rozova-ovaa-prolet-probajte-go-trojniot-rozov-mejkap-stil-2.jpg

Најновиот тренд за шминка е таканаречениот тројно розов мејкап стил, што значи во исто време да се носи розова сенка за очи, розово руменило и розов кармин.

Ваквата шминка дава природен и здрав изглед на лицето.

50-nijansi-na-rozova-ovaa-prolet-probajte-go-trojniot-rozov-mejkap-stil-3.jpg

За да го постигнете овој изглед најпрво треба да го исчистите лицето темелно, со гел за миење и тоник (производите кои ги користите за секојдневна нега) и потоа да нанесете од вашиот дневен крем за лице и безбоен балсам за усни.

За навечер може да си дозволите и малку потешка пудра. Бирајте ги козметичките производи според вашиот тип на кожа.

50-nijansi-na-rozova-ovaa-prolet-probajte-go-trojniot-rozov-mejkap-stil-4.jpg

За дневен изглед користете само лесна подлога или тониран крем за лице, во зависност од типот на вашата кожа. Употребете сенки со сјајни честички и нанесете рамномерно на капакот.

Може да користите една нијанса, но и да мешате повеќе тонови на розова. Важно е само да не е пренагласено.

50-nijansi-na-rozova-ovaa-prolet-probajte-go-trojniot-rozov-mejkap-stil-4.jpg

Потоа, нанесете руменило во нежна розова. Можете да користите руменило во вид на прав, стик или камено. Најважно е да не претерувате, туку да изгледате како образите да ви се зацрвениле од студ.

За усните, за дневен изглед доволен е и само балсам со розови пигменти или дискретна мат нијанса, додека за вечерен изглед може да си поиграте и со поинтензивен кармин кој ќе одговара на остатокот од изгледот.

50-nijansi-na-rozova-ovaa-prolet-probajte-go-trojniot-rozov-mejkap-stil-5.jpg

Бонус совет: За уште поприроден изглед, наместо црна, употребете кафеава маскара.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава