Розово-кафеава: Хит нијанса за атрактивни бринети (фото)

Ако не сте природна блондинка, или, пак, не сакате драматично да ја осветлите косата за да ги постигнете нежните розеникави тонови, тогаш новиот пролетен тренд е како создаден за вас.

rozovo-kafeava-hit-nijansa-za-atraktivni-brineti-foto-1.png

Розовата нијанса на коса се носи веќе неколку години. Не ѝ одолеаа ниту славните дами, а ни познатите инфлуенсерки и кралици на социјалните мрежи.

Девојките со посветла коса со задоволство ги прифатија трендовите „Rose Gold“ и „Blorange“, односно комбинацијата на розеникави тонови на руса и портокалова основа. Неодамна пишувавме и за коса со боја на розова лимонада.

А, што е со бринетите? И дамите со природна или темно бојадисана коса може да внесат розова магија во имиџот за претстојната пролет, без целосно бланширање, туку со минимално осветлување.

Следните месеци ќе бидат во знакот на кафеавата коса со пастелни розови акценти. Во фризерските кругови е позната како „Rose Brown“, а називот го има наследено од својата претходничка. Таа е фенси и секси, па е вистински избор за атрактивните бринети.

Се разбира, не станува збор за само една боја, туку за цела палета на розово-кафеави тонови, кои варираат од бакарни до темновиолетови нијанси. Оттука, мошне лесно е да ја пронајдете онаа што најдобро ви ласка на тенот.

Покрај тоа што интересно изгледа, ваквата палета ја акцентира убавината на жените, па нема сомнеж дека ќе ги освои како нивните, така и машките срца. Многубројните лајкови што веќе ги доби на социјалните мрежи, пак, претставуваат дополнителна потврда дека ќе ја обележи новата сезона.

rozovo-kafeava-hit-nijansa-za-atraktivni-brineti-foto-2.png

Нам премногу ни се допаѓа. Што велите вие?

Погледнете дел од предлозите на Instagram и Pinterest, кадешто кафеавата и розовата се слеваат на совршен начин:

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тренд за шминкање „No Make-up Look“ - за сите девојки кои сакаат природен изглед Ако сакате да излезете од дома како да сте без шминка, само да изгледате поодмор...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
10 фризури за дотерување за девојки со долга коса Високо кренато опавче со крупни кадрици, волуменозни кадрици - кои фризури ќе би...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg