Споделуваме искуства: „Какви промени ми се случија откако го чистам лицето со мед?“

Лорен Шумакер e млада жена која целиот живот имала проблеми со кожата и барала начин како да ја подобри ситуацијата.

spodeluvame-iskustva-kakvi-promeni-mi-se-sluchija-otkako-go-chistam-liceto-so-med-sekoj-den-01.jpg

Лорен открива дека по низа експерименти започнала да го мие лицето со мед и имала неверојатни резултати од тоа.

Зошто се одлучив на овој чекор?

„Долго време ме мачи мојата чувствителна кожа и кога прочитав на еден блог дека медот одлично влијае на кожата, веднаш појдов во супермаркет и купив една тегла.

Мојата кожа е нежна и лесно се иритира. Потребно ѝ е хидратација затоа што многу се суши, а почнаа и интензивно да ми се појавуваат брчки.

Што се случи по 6 месеци чистење на моето лице со мед?

По само 6 месеци чистење на лицето со мед забележав промена. Кога го чистите лицето со мед прво го навлажнувате, па нежно го масирате, плакнете добро (инаку ќе лепите) и ставате крема за навлажнување или што следи наредно во вашата рутина за разубавување.

spodeluvame-iskustva-kakvi-promeni-mi-se-sluchija-otkako-go-chistam-liceto-so-med-sekoj-den-02.jpg

Зошто медот е добар за кожата?

Медот е богат со хранливи состојки и има природно антибактериско дејство, па така е одличен за чувствителна кожа, склона кон акни. Ги намалува црвенилото и воспаленијата.

Многу козметички средства по користењето прават да си ја чувствувате кожата затегната, но медот не го прави тоа, а ја храни. Кожата наскоро ми беше свежа и чиста.

Веќе со години го чистам лицето со мед и повеќе немам акни и црвенило, ми се изедначи дури и тонот на кожата. Кожата ми е хидратирана, а мислам дека дури и порите ми се намалија.

spodeluvame-iskustva-kakvi-promeni-mi-se-sluchija-otkako-go-chistam-liceto-so-med-sekoj-den-03.jpg

Но, една козметичарка ме советуваше дека медот не е соодветна замена за млекото за чистење на лице, туку дека е подобро да го користам само како маска за лице бидејќи кога го користите за чистење, кожата нема доволно време да го апсорбира и да ги искористи придобивките од него.

Наместо тоа, таа ми препорача на чисто лице да нанесувам тенок слој на мешавина од мед и малку масло од арган и да оставам да отстои како маска.

Сепак, јас ја задржав мојата практика на влажно лице да ставам мед и нежно да тријам затоа што имам одлични резултати.

Ова е природен и евтин начин за негата на кожата. Дефинитивно, секому го препорачувам.“

Уште една реална приказна за подобрување на вашето здравје со природни лекови прочитајте ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава