„Неочигледни“ знаци на вашиот изглед кои го откриваат стареењето

Секоја жена, порано или подоцна, почнува да се бори со знаците на стареење – брчки на лицето, спуштена кожа и обелена коса.

neochigledni-znaci-vo-izgledot-koi-go-odavaat-stareenjeto-01.jpg

Но, покрај овие очигледни знаци кои сите знаат да ги препознаат, постојат и други кои се откриваат подоцна и нема многу што да се направи.

Кои се другите работи во вашиот изглед на кои треба да обрнете внимание?

Неколку неочигледни знаци кои ги одаваат вашите години колку и да го прикривате тоа:

Ушите

Можеби не секој ќе се загледа во ова на прв поглед, но сепак, делот од увото, на спојувањето со главата, ја губи својата еластичност со текот на годините. Посебно се склони кон оваа промена оние кои сакаат да носат големи, тешки обетки.

Затоа, избегнувајте голем накит, не спијте со обетки и не заборавајте да ја мачкате со креми кожата околу ушите.

neochigledni-znaci-vo-izgledot-koi-go-odavaat-stareenjeto-02.jpg

Вратот

Многу жени забораваат да ја негуваат кожата на вратот, па таа брзо почнува да старее.

Иако многу препарати може да помогнат овој процес да се оддолжи, сепак, тоа е само привремено, бидејќи во овој дел нема слој од масти, па кожата почнува да виси.

Затоа, редовно чистете го пределот на вратот, навлажнувајте ја и омекнувајте кожата. Исто така, практикувајте вежби за затегање на кожата на вратот.

neochigledni-znaci-vo-izgledot-koi-go-odavaat-stareenjeto03.jpg

Челото

Дури и обидите за ослободување за брчките на лицето, оставаат друга трага која ги открива годините.

По изложеноста на филери и ботокси, поткожниот масен слој на челото станува атрофиран, а како резултат на тоа, челото го губи волуменот и изгледа неприродно рамно.

Токму затоа, ботоксот не е најдобро решение, а ако редовно користите креми и препарати за нега на кожа, како и вежби, нема ни да имате потреба од тоа.

neochigledni-znaci-vo-izgledot-koi-go-odavaat-stareenjeto-04.jpg

Веѓите

Во младоста, веѓите се поткренати нагоре, но со текот на годините, лакот почнува да паѓа надолу, а оддалеченоста на очите и веѓите станува помага.

neochigledni-znaci-vo-izgledot-koi-go-odavaat-stareenjeto-05.jpg

Усните

Средината на горните усни е секогаш поиспакнат дел кој важи за еден од најпривлечните, бидејќи ги прави усните повпечатливи.

Но, со тек на време, кожата во овој дел омекнува и доаѓа до спојување на лицето и и тој дел од усната и впечатокот за испакнати усни почнува да се губи.

neochigledni-znaci-vo-izgledot-koi-go-odavaat-stareenjeto-06.jpg

Дланките

Како вратот, така и дланките се лишени од поткожни масти и брзо почнуваат да се појавуваат набори, уште пред да се појават првите знаци на стареење на лицето.

Нема некое посебно решение за ова, освен уште пред да почне да се случува, да се грижите за кожата, да ја мачкате со препарати за нега и никогаш да не избегнувате ракавици при чистење.

neochigledni-znaci-vo-izgledot-koi-go-odavaat-stareenjeto-07.jpg

Контура на лицето

Со стареењето, тонираноста на лицето исчезнува во пределот кај брадата. Овој дел почнува да виси и како резултат на тоа, линијата помеѓу брадата и долниот дел на вилицата исчезнува.

neochigledni-znaci-vo-izgledot-koi-go-odavaat-stareenjeto-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...
Руса коса е хит во пролет 2026 - Со кои нијанси и фризури да го освежите изгледот оваа сезона? На врвот на листата кај фризерите е медовата руса нијанса, но и златно-руса во к...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
Шест знаци дека вашата кожа е „истрошена“ и оштетена (и како да ја вратите во нормала) Ако забележувате нерамномерна текстура на кожата или црвенило, па и пецкање, тог...

Најчитани неделава