Зелена - бојата на вербата и рамнотежата

Боите имаат големо влијание врз тоа како се чувствуваме, исто како што и моменталното расположение влијае какви бои би избрале. Околу карактерот и боите се пишувало многу, а она што е сигурно е дека нивните фреквенции можат во нас да пробудат мир, спокојство и среќа, но и агресија или глад.

zelena-bojata-na-verbata-i-ramnotezata-2.jpg

Зелената е боја која во овој период не опкружува природно, благодарение на зелените дрвја, цвеќињата, тревата и грмушките. Освен што го симболизира будењето на природата, исто така ја балансира и енергијата кај луѓето, но и ја поттикнува нивната верба дека нештата ќе бидат подобри.

zelena-bojata-na-verbata-i-ramnotezata-3.jpg

Оваа боја е комбинација на две основни: сината која носи спокој и жолтата која во себе носи енергичност, што значи зелената може да ни дава и мир и возбудување во истото време. Токму поради ова пролетта е симбол на будење, акција, среќа, отвореност и смиреност.

Знаејќи го ова, обидете се да ја најдете вашата омилена нијанса на зелена, па користете ја како дополнување на вашиот личен стил, во форма на облека или моден додаток.

zelena-bojata-na-verbata-i-ramnotezata-4.jpg

Доколку сакате да внесете енергија и истовремено и смиреност во домот, набавете дел од мебел со таа боја, плочки за во кујна, прекривка за во спалната соба или едноставни детали како перничиња и мали теписи.

zelena-bojata-na-verbata-i-ramnotezata-5.jpg

Дополнете со собни растенија и вазна со цвеќе. Создадете своја оаза, заштитен зелен меур во кој гарантирано ќе се чувствувате среќни, расположени и обновени.

За да се чувствувате полни со енергија и одморени, внесувајте и зелена храна. Комбинирајте салати, супи, прилози на главното јадење, но и зелени природни сокови, смути или овошна салата која содржи зелено овошје.

zelena-bojata-na-verbata-i-ramnotezata-6.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава