„Бабини деветини“ кои може да бидат корисни за лузни, акни и други недостатоци на лицето

Голем дел од луѓето имаат проблеми со кожата, независно дали се работи за акни, лузни или други проблеми.

babini-devetini-koi-mozhe-da-bidat-korisni-za-luzni-akni-i-drugi-nedostatoci-na-liceto-001.jpg

Кај некого тие недостатоци се заради неправилна исхрана, кај друг, заради погрешни козметички производи, или пак, се предизвикани од нешто внатрешно.

Независно од што се, понекогаш од мака, луѓето се подготвени на секакви препарати само за да си помогнат.

Но, многу често, не треба да фрлате илјадници на тие производи, сè што ви треба – имате дома.

Некој можеби не верува во бабини деветини, но други, се подготвени и на тоа – барем се природни и сметаат дека нема што да изгубат.

Погледнете за што сè може да ви помогнат намирниците кои ги имате дома и ако сте подготвени, пробајте некои од нив:

За темни подочници: куркума + сок од ананас

2 лажици куркума во прав и 2 лажици сок од ананас се мешаат додека смесата не стане како паста.

Нанесете под очите и оставете 10 минути, а потоа избришете со мека крпа. Повторувајте секој ден.

babini-devetini-koi-mozhe-da-bidat-korisni-za-luzni-akni-i-drugi-nedostatoci-na-liceto02.jpg

За изгореници од сонце и воспаленија: авокадо

Изгмечете пола авокадо со виљушка и додадете 2 лажици топла вода. Измешајте и нанесете од смесата на оштетените делови со мека четка. По 10 минути исплакнете ја маската со млака вода.

Ако имате сува и чувствителна кожа, може да додадете и 1 лажица мед во маската.

babini-devetini-koi-mozhe-da-bidat-korisni-za-luzni-akni-i-drugi-nedostatoci-na-liceto-03.jpg

За хиперпигментација: компир + сок од лимон

Исечкајте го измиениот компир и ставете го во блендер, а потоа процедете и додадете сок од лимон.

Земете 4 лажици сок од компир и 2 лажици сок од лимон и измешајте, а смесата нанесете ја со памук на деловите каде е потребно.

Оставете малку да се исуши и нанесете втор слој, па потоа и трет. Оставете ја маската цела ноќ и следното утро исплакнете ја кожата со топла вода. Повторувајте секој ден.

babini-devetini-koi-mozhe-da-bidat-korisni-za-luzni-akni-i-drugi-nedostatoci-na-liceto-04.jpg

За акни: јаболков оцет

Измешајте 1 лажица јаболков оцет со 2-3 лажици прочистена вода и нанесете со памук на измиена кожа. После неколку минути може да нанесете крема за омекнување.

Растворот нанесувајте го еднаш на ден или после миење на лицето.

babini-devetini-koi-mozhe-da-bidat-korisni-za-luzni-akni-i-drugi-nedostatoci-na-liceto-06.jpg

За лузни од акни: зелен чај

Ставете 2 кесички зелен чај или 2 лажици листови во сад и прелијте ги со 500 ml сварена вода. Земете мека ткаенина и натопете ја со течноста и ставете ја на лице.

Оставете да стои 5-10 минути, а постапката може да ја повторите неколкупати во денот.

babini-devetini-koi-mozhe-da-bidat-korisni-za-luzni-akni-i-drugi-nedostatoci-na-liceto-07.jpg

За брчки: маслиново масло + мед

Измешајте неколку капки маслиново масло со неколку капки мед, а со смесата правете масажи на кожата двапати на ден. Може да користите и кокосово или бадемово масло за да спречите појава на брчки.

babini-devetini-koi-mozhe-da-bidat-korisni-za-luzni-akni-i-drugi-nedostatoci-na-liceto-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Нокти кои потсетуваат на љубов - 40 идеи за маникир за Свети Валентин (фото) Денот на вљубените е совршено време за нокти со тема љубов - време е за црвени л...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...

Најчитани неделава