Женски потресни исповеди: Како останав без коса?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-03-2020
ВОЗАЧИ 27-03-2020


Женски потресни исповеди: Како останав без коса?

Ќелавоста не е исклучиво машка болка. Иако примарно ги засега припадниците на посилниот пол, опаѓањето на косата, па дури и нејзиното целосно губење, претставува реална закана и за жените. Дали „трагедијата“ е поголема во овој случај?

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-1.png

Уште од детството, дамите негуваат посебен однос кон сопствената коса.

Нема жена што не си припомнува со носталгија за деновите кога мајка ѝ ја чешлала милум или силум, или, пак, додека гледајќи ги дизниевите класици, посакала еден ден да биде налик на долгокосите принцези.

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-2.jpg

А, во младоста,  девојките се склони кон експерименти со боите и фризурите, вообичаено со лекомислениот коментар: „Ах, секако ќе порасне!“, кога и да нештата тргнат во погрешен правец.

Меѓутоа, што ако не порасне? Губи ли жената од убавината и привлечноста во туѓите очи?

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-3.jpg

Британката Мадлен Боуден неодамна ја раскажа својата трогателна, но и инспиративна исповед во колумната за Huffington Post:

„Косата почнав да ја губам мошне рано. Како и секоја друга тинејџерка, во минатото ја пуштав, виткав, шишав и фарбав, не размислувајќи премногу за неа. Си велев: коса е – ќе порасне.

Дека нешто не е во ред, за првпат приметив на 22 години, кога нагло ми се проретчи. Во тоа време беше хит долгата црна коса на Меган Фокс. Често се бојадисував и чешлав на патец, без да согледам дека така уште повеќе се забележува.

Кога тогашниот дечко, со не баш умесен тон ме праша зошто имам толку тенка коса, па ми плесна во лице дека ова им е „одбивно“ на машките, некако и останав присебна. Но, откако фризерката загрижено ми кажа дека ќе оќелавам за три години, паднав во депресија.“ 

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-4.jpg

Како и останатите жени во слична ситуација, таа со месеци го криела проблемот од околината, преземајќи притоа разни очајнички мерки.

Кај мнозинството дами на кои им опаѓа косата, тие вообичаено се исти: триење на скалпот со серуми, пиење витамини и минерали, миење со посебни шампони, или, пак, купување на „чудесни“ препарати што ветуваат повторен раст.

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-5.jpg

Се трудела и да ја изложува главата на сонце, затоа што ова наводно помагало. Меѓутоа, ништо не ѝ било од помош – ни најмалку. А, одненадеж ѝ престанала и менструацијата.

Тогаш гинекологот ѝ дијагностицирал синдром на полицистични јајници - болест која доведува до хормонски дисбаланс кај жените, а меѓу придружните појави е и губењето на косата, односно т.н. андрогена алопеција.

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-6.jpg

„Ми олесна кога дознав дека постои причина поради која ми паѓа косата. Тоа ми го ублажи стресот. А, штом се намали стресот, се намали и губитокот на косата. Сè е поврзано во телото.“

Мадлен покасно сфатила дека грешка било што се обидувала да го сокрие проблемот. Има и такви што се одлучуваат за порадикален пристап.

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-7.jpg

Една од нив е Шели Лаузон, која имала проблеми со косата уште од адолесценцијата. Но, пред две години драматично ѝ се влошила состојбата. Па, наместо цел живот да се крие со перики, таа си ја избричи главата и сподели слика на Фејсбук:

„Бев преплашена. Се чувствував тажно и депресивно. Мислев дека сум грда. Принудена бев да купам перика. Додека се чешлав, ми паѓаа по цели прамени. Една шака коса. Толку многу плачев што очите ми натекоа од солзи.

Се уморив од лажна надеж. Имам алопеција тоталис. Веќе не ми растат влакна на главата, рацете, нозете и под пазувите, а постепено ги губам и веѓите. Никогаш не верував дека ќе соберам храброст да се фотографирам ќелава. Меѓутоа, се осмелив и горда сум на себеси.“

Ова се зборовите на борбената Лаузон, чија објава доби повеќе од 25 илјади лајкови на социјалните мрежи.

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-8.jpeg

За да им помогнат и пружат утеха на сите жени со истите маки, на оваа тема се огласија уште неколку дами.

Нивните приказни се различни, како што се различни и причините поради кои останале без коса:

„Ја загубив косата при лекувањето од рак. Во тоа време одев на хемотерапија. Гордо ја покажував голата глава, додека косата не почна повторно да ми расте. Во перики ми беше прежешко! Прифатете го и ова искуство со отворени раце. Убавината доаѓа одвнатре и зрачи од нас. Не ни е потребна коса за да бидеме прекрасни.“ 

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-9.jpg

„На 36-годишна возраст ми беше дијагностицирана алопеција ареата. Дотогаш имав здрава и густа коса. Со оглед на тоа колку си ја сакам косата, за мене ова беше крај на светот. Сепак, си ја избричив главата, за да конечно ја прифатам реалноста и престанам да се плашам кога и да се погледнам во огледало.

Криво ми е што уште порано не се решив на овој чекор. Не би му посакала на никого да доживее вакво нешто. Но, колку што е проклетство, толку е и благослов. Престанав да бидам опседната со надворешниот изглед, а им се посветив на сите убавини кои не се видливи за окото. Тоа се далеку поважни работи во животот.“

„Отсекогаш имав слаба коса. Но, после трите бремености, телото ми беше комплетно исцрпено. Од преголема количина на стрес, јас буквално оќелавев. Притоа, ги загубив и веѓите и трепките. Сепак, што и да се случува со вас, запомнете дека сте убави и силни. Никогаш не го заборавајте тоа!“ 

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-10.jpg

Доколку страдате од алопеција, или, пак, се сомневате во својата убавина на било кој начин, имајте на ум дека сте неверојатни без оглед на сѐ.

И, дека ќе ви биде многу подобро со тек на време. Вака гласи заедничката порака до секоја жена што анонимно се соочува со слични потешкотии.

Нивниот совет е отворено да говорите за тоа што ви тежи на срцето. Секако, нужно е да се побара и лекарска помош, бидејќи проретчената коса неретко е симптом и за здравствени проблеми.

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-11.jpg

Не трошете си ги залудно парите на прескапи, а наводно чудотворни третмани, од кои нема да има никаква полза.

И, што е најважно, да кажете му што поскоро на партнерот, бидејќи не може вечно од него да се криете. Доколку ова му пречи, тогаш веројатно е подобро и воопшто да не сте заедно.

zhenski-potresni-ispovedi-kako-ostanav-bez-kosa-12.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени кои не се срамат од белите влакна во нивната коса (фото) Кај некои од овие жени процесот на белеење започнал многу рано, но тие го прифат...
10-те тајни за убавина на Адријана Лима Таа важи за една од најубавите жени во светот. Има природна бразилска убавина и ...
„Истренирајте“ ја својата коса помалку да се мрси Луѓето кои имаат мрсна коса знаат колку често ја мијат и дека може да им се измр...

Спонзорирани линкови: