Холивудски дерматолог открива неколку правила за негувана кожа

Харолд Ленсер е холивудски дерматолог кој во својата биографија може да наведе дека се грижел за кожата и тенот на многу славни ѕвезди меѓу кои и Викторија Бекам и Бијонсе.

Holivudski-dermatolog-otkriva-nekolku-pravila-za-neguvana-koza-2.jpg

Тој открива како луѓето сами можат да си помогнат за нивната кожа да изгледа блескаво и негувано и тоа со менување на само неколку секојдневни навики.

Прочитајте дел од неговите совети кои ќе ве натераат до одреден степен да направите промени во својата дневна рутина:

Врелата вода ја суши кожата. Мијте го лицето само со млака вода.

Holivudski-dermatolog-otkriva-nekolku-pravila-za-neguvana-koza-3.jpg

Навлаката за перница лесно се валка, особено поради остатоци од првут, влакна и епителни клетки. Менувајте ја барем двапати во неделата и перете ја со нежен детергент.

Holivudski-dermatolog-otkriva-nekolku-pravila-za-neguvana-koza-4.jpg

Намалете го внесувањето на шеќер и сол. Вишокот се исфрла од телото и во процесот на потење, па може да доведе до појава на акни.

Избегнувајте да го допирате вашето лице, затоа што може да ви се појават митесери.

Бришете го мобилниот телефон со антибактериски марамчиња или со памук и алкохол, за да избегнете префрлање нечистотии врз лицето.

Holivudski-dermatolog-otkriva-nekolku-pravila-za-neguvana-koza-5.jpg

Користете ја краставицата редовно - и како производ во исхраната и како маска за лице, исечена на тенки кругови.

Хидратацијата е клучна - пијте доволно вода.

Имајте редовен сон. Во текот на спиењето се стимулира создавањето на колаген.

Holivudski-dermatolog-otkriva-nekolku-pravila-za-neguvana-koza-6.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава